Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28

    Нема договор со Бугарија, недовербата останува: Муцунски откри што следува за евроинтеграциите

    09.10.2026 во 08:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: По средбата со Чамова – Муцунски се сретна со холандски амбасадори
    • Кузеска: Само нашите пратеници гласаа за минимална плата од 600 евра, Левица и владејачкото мнозинство не дадоа поддршка
    • Спремете се за гужви во Скопје: Во недела се затвора лента на фреквентен мост
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија – Најавува „потоп” за викендот
    • Драма во Нови Сад: Итна евакуација на основно училиште
    • Ќе се патува за 11 Октомври, РСБСП предупредува: Не брзајте, не ризикувајте!
    • ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност
    • Две лица тврдат дека биле нападнати од полицајци – МВР проверува што се случувало во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: По средбата со Чамова – Муцунски се сретна со холандски амбасадори

    ФОТО: По средбата со Чамова – Муцунски се сретна со холандски амбасадори

    09.10.2026 во 11:372 Mins Read
    Тимчо Муцунски, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска остварив работна средба со холандските амбасадори во земјите од Југоисточна Европа, кои престојуваат во Скопје во рамките на регионална амбасадорска конференција. Ова го напиша министерот за надворешни, Тимчо Муцунски, на Фејсбук.

    -Разговаравме за билатералните односи, европската интеграција и спроведувањето на реформската агенда. Изразив благодарност за континуираната поддршка од Холандија за пристапен процес заснован на заслуги, со владеењето на правото како клучен елемент на реформите, напиша тој.

    Истакна дека посебен акцент се ставен на документот на Европската комисија за иднината на проширувањето и внатрешните реформи на Европската Унија, како и на претстојната стратешка дискусија во Европскиот совет.

    -Разменивме мислења и за актуелните состојби во регионот, неговата безбедност, стабилност и просперитет, како и за глобалните безбедносни предизвици и потребата од натамошно зајакнување на соработката и заштитата на заедничките стратешки интереси, напиша Муцунски.

    Инаку, министерот вчера се сретна со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова, во Софија.

    По средбата, Муцунски оцени дека разговорите поминале во конструктивна атмосфера, но нагласи дека разликите во ставовите за клучните прашања остануваат значителни. Двете страни се договориле да го продолжат дијалогот за прашањата од заеднички интерес.

    Средбата меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија привлече внимание и кај бугарските медиуми, кои во извештаите ги истакнуваат разликите околу европската интеграција на Македонија, барањето за временска рамка за исполнување на преземените обврски и потребата од продолжување на дијалогот.

    БГНЕС: „Муцунски по средбата со Петрова: Ставовите со Бугарија остануваат многу далечни, но дијалогот ќе продолжи“.

    БТА: „Бугарија нема други очекувања од Северна Македонија освен исполнување на обврските“.

    „24 часа“: „Велислава Петрова: Доверба со Северна Македонија може да има ако се направат уставните измени“.

    „24 часа“: „Велислава Петрова го отвора прашањето за Ива Михајлова пред Тимчо Муцунски во Софија“.

    Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Кузеска: Само нашите пратеници гласаа за минимална плата од 600 евра, Левица и владејачкото мнозинство не дадоа поддршка

    09.10.2026 во 11:30

    Спремете се за гужви во Скопје: Во недела се затвора лента на фреквентен мост

    09.10.2026 во 11:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.