Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28

    Нема договор со Бугарија, недовербата останува: Муцунски откри што следува за евроинтеграциите

    09.10.2026 во 08:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија – Најавува „потоп” за викендот
    • Драма во Нови Сад: Итна евакуација на основно училиште
    • Ќе се патува за 11 Октомври, РСБСП предупредува: Не брзајте, не ризикувајте!
    • ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност
    • Две лица тврдат дека биле нападнати од полицајци – МВР проверува што се случувало во Скопје
    • Пронајдена бомба пред канцеларијата на РТВ Херцег-Босна
    • Алармантно ниско ниво на водата на Дунав во Бугарија, водата паѓа до шест сантиметри дневно
    • Мицкоски на Фејсбук: На 18 октомври ја завршуваме работата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » УХМР ги измери температурите низ Македонија – Најавува „потоп” за викендот

    УХМР ги измери температурите низ Македонија – Најавува „потоп” за викендот

    09.10.2026 во 11:202 Mins Read
    Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    УХМР ги измери температурите ова претпладне низ Македонија. Според мерењата на синоптичарите, со 13 степени во 11 часот, Маврови Анови е најстуденото место.

    Гевгелија со 23 степени, од друга страна, е најтоплото место во Македонија.

    Според мерењата на УХМР, во 11 часот во Скопје температурата е 17 степени.

    Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд ќе преовладува денеска низ земјава. На одделни места постои можност за ретки грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

    Утринските температури ќе се движат од 2 до 10 степени, додека дневните ќе достигнат од 22 до 29 степени Целзиусови.

    Во Скопје се очекува променлива облачност со повремен локален дожд. Ветерот ќе биде слаб и ќе дува од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6 степени, а максималната ќе достигне 26 степени.

    Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нестабилното време ќе продолжи и во наредните денови, под влијание на циклонска активност. До средината на следната седмица се очекуваат чести врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни.

    Најинтензивни врнежи се прогнозираат во недела, кога на одделни места се очекува да наврнат над 20 литри дожд на квадратен метар. Во некои региони се можни и невремиња проследени со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

    Во вторник се очекува продор на постуден воздушен бран, поради што на дел од повисоките планини дождот ќе премине во снег.

    Метеоролозите препорачуваат граѓаните да ја следат најновата временска прогноза, особено во периодите кога се очекуваат поинтензивни врнежи и локална нестабилност.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Ќе се патува за 11 Октомври, РСБСП предупредува: Не брзајте, не ризикувајте!

    09.10.2026 во 11:17

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.