Во украинскиот град Краматорск, лоциран во Доњецката област, утре е прогласен Ден на жалост во чест на 35-те жртви кои ги загубија животите во неодамнешната серија жестоки руски напади.
Информацијата ја потврди началникот на воената управа на Краматорск, Олександр Гончаренко, кој преку социјалната мрежа Фејсбук изрази сочувство до семејствата на загинатите. Според официјалните податоци, ударите биле извршени на повеќе локации: најмалку 30 лица загинаа и 20 беа повредени во директен удар врз автобуси, три лица настрадаа при гранатирање на селото Биленке, додека две лица загинаа од удар на дрон во автомобил во центарот на градот.
,,Вкупно 35 човечки животи беа прекинати од руската агресија. За 35 семејства овој ден засекогаш ќе остане ден на ненадокнадлива загуба“, порача Гончаренко.

