Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО+ФОТО: Нови мотоцикли за полицијата од РСБСП – Вложувања до побезбедни патишта и спасени човечки животи

    08.10.2026 во 11:31

    Малолетно момче преживеало хорор во Центар

    08.10.2026 во 09:06

    Муцунски од Софија: Ќе ја забрзаме реализацијата на Коридорот 8 со Бугарија и Албанија

    08.10.2026 во 11:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нема договор со Бугарија, недовербата останува: Муцунски откри што следува за евроинтеграциите
    • Планирате патување за продолжениот викенд? – АМСМ информира за состојбата на патиштата
    • Ќе снема вода во 09:30 часот – Исклучување на улици во Скопје
    • Ќе нема струја до 15:30 – Исклучување низ делови од Скопје
    • УХМР со лоши вести за продолжениот викенд – Ќе истури дожд, доаѓа и снегот
    • Точел алкохол на малолетник кој потоа учествувал во тепачка – Кривична пријава за сопственик на локал во Дебар
    • Трагедија на реката Тамиш: Рибар пронајден мртов во чамец
    • Инцидент во Скопје: Физички се пресметале двајца скопјани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нема договор со Бугарија, недовербата останува: Муцунски откри што следува за евроинтеграциите

    Нема договор со Бугарија, недовербата останува: Муцунски откри што следува за евроинтеграциите

    09.10.2026 во 08:112 Mins Read
    Тимчо Муцунски, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Билатералните односи, евроинтеграциите, недовербата меѓу Скопје и Софија и Акцискиот план за малцинствата биле во фокусот на разговорите меѓу шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски и бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова, одржани во Софија.

    По средбата, Муцунски оцени дека разговорите поминале во конструктивна атмосфера, но нагласи дека разликите во ставовите за клучните прашања остануваат значителни. Двете страни се договориле да го продолжат дијалогот за прашањата од заеднички интерес.

    Муцунски посочи дека недовербата е сериозен проблем, особено поради досегашното искуство со билатералните барања. Тој повтори дека прашањата за јазикот, идентитетот, историјата и културата не треба да го оптоваруваат европскиот пат на земјава.

    На разговорите бил отворен и Акцискиот план за малцинствата, за кој, според Муцунски, ќе продолжат дискусиите во наредниот период. Бугарската министерка, пак, изјавила дека прашала кога би можеле да се спроведат уставните измени, при што, според неа, Муцунски нагласил дека е потребно да се изгради доверба.

    По средбата со бугарската колешка, Муцунски разговарал и со еврокомесарката за проширување Марта Кос. Во фокусот биле билатералните односи со Бугарија, реформската агенда и можноста Европската Унија да придонесе за напредок во процесот на пристапување на Македонија.

    Муцунски оцени дека во Европската комисија постои сериозен интерес за придвижување на процесот кон отворање на пристапните преговори, но повтори дека позициите на Владата остануваат непроменети и дека дијалогот мора да продолжи со добра волја и почитување на интересите на државата.

    Двете страни потврдиле дека прашањето за посмртните останки на цар Самуил не било тема на средбата.

    Featured Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Планирате патување за продолжениот викенд? – АМСМ информира за состојбата на патиштата

    09.10.2026 во 08:02

    Ќе снема вода во 09:30 часот – Исклучување на улици во Скопје

    09.10.2026 во 08:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.