Дел од жителите на Скопје денеска ќе се соочат со прекин во снабдувањето со електрична енергија поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа.
Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот во Горно Лисиче ќе ги опфати корисниците на улицата „Божин Николов“, во општина Аеродром, каде што струја нема да има од 9:00 до 11:00 часот.
Без електрична енергија ќе останат и дел од жителите на населбата Пржино, во општина Кисела Вода. Таму прекинот ќе се однесува на корисниците од улицата „Караџица“, во периодот од 10:30 до 15:30 часот.
Од надлежниот центар информираат дека прекините се должат на планирани технички интервенции што екипите на ЕВН Македонија АД ќе ги изведуваат на дистрибутивната мрежа.

