Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    ВИДЕО+ФОТО: Нови мотоцикли за полицијата од РСБСП – Вложувања до побезбедни патишта и спасени човечки животи

    08.10.2026 во 11:31

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драматичен инцидент во Германија: 27-годишен маж убиен во престрелка со полицијата
    • Мицкоски: Можни се предвремени избори
    • Мицкоски: Подготвен сум за ветинг, но опозицијата прво да одговори за измените на Кривичниот законик и сомнителните имоти
    • Мицкоски: Владата бележи резултати и покрај тешките услови
    • Мицкоски: Пофалбите од Фон дер Лајен за реформите ги демантираат лагите на опозицијата и Филипче
    • Мицкоски: Претходната влада ги направи уставните измени критериум за ЕУ
    • Стојаноски: Се бара компромисно решение за Законот за забрана на пушење по дополнителните правни консултации
    • Ужас го потресе регионот: 16-годишник се застрелал во вратот со пиштол од татко му
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Драматичен инцидент во Германија: 27-годишен маж убиен во престрелка со полицијата

    Драматичен инцидент во Германија: 27-годишен маж убиен во престрелка со полицијата

    08.10.2026 во 22:352 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дваесет и седумгодишен маж е убиен денеска околу 12 часот во центарот на Тутлинген, Германија, по престрелка со полицијата, потврди Државната криминалистичка служба (LKA), која ја презеде истрагата за случајот.

    Според досегашните информации, мажот претходно без очигледна причина отворил оган кон полициските службеници. По престрелката тој бил тешко повреден, а обидите за реанимација биле неуспешни.

    „Обидите за реанимација, за жал, не успеаја“, соопштија од LKA.

    Како што сведочат очевидци, младиот маж најпрво бил забележан во зградата на градската управа со пиштол во раката, по што вработените веднаш повикале полиција и се заклучиле во канцелариите. Кога ја напуштил зградата во улицата Хелферај, полицајците го пресретнале, а според портпаролката на LKA, тој тогаш без предупредување пукал кон нив.

    Околу 12:30 часот дошло до престрелка во која вооружениот маж бил смртно ранет, а сведоците изјавиле дека слушнале пет истрели. Во моментот на инцидентот околните објекти биле полни со луѓе.

    „Пукаше директно пред нашата тераса“, раскажала сопственичката на локалниот ресторан „Остерија“, Силке Д’Амико, додавајќи дека гостите биле брзо тргнати на сигурно и дека сите се во шок.

    Засега останува нејасно што го натерало мажот да пука, а од LKA потврдија дека мотивот и околностите се предмет на понатамошна истрага, додавајќи дека тој не им се заканувал на случајните минувачи.

    Прочитај повеќе

    Ужас го потресе регионот: 16-годишник се застрелал во вратот со пиштол од татко му

    08.10.2026 во 21:25

    Хорор го потресе регионот: Mлад човек извлечен од БМВ и избоден со нож

    08.10.2026 во 20:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.