Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    ВИДЕО+ФОТО: Нови мотоцикли за полицијата од РСБСП – Вложувања до побезбедни патишта и спасени човечки животи

    08.10.2026 во 11:31

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Меџити: Меморандум за соработка со SkyLab, 50 ученици од Чаир ќе посетуваат бесплатни курсеви од областа на науката и личниот развој
    • Андоновски: Личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни на мобилен, од 28 октомври почнува промоцијата на апликацијата „м. Услуги“
    • Мицкоски од Милетино: Опозицијата ја уништуваше Македонија седум години
    • Мицкоски: Победуваме на изборите во Брвеница на 18 октомври
    • Радичевски во Милетино: Градоначалникот мора да биде за сите граѓани, без партиски поделби
    • Хорор го потресе регионот: Mлад човек извлечен од БМВ и избоден со нож
    • (ФОТО) Вандализиран надземниот пешачки премин „Влајко“
    • Ескалација на судирите: Украина нападна руска рафинерија на 2.500 км од границата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Меџити: Меморандум за соработка со SkyLab, 50 ученици од Чаир ќе посетуваат бесплатни курсеви од областа на науката и личниот развој

    Меџити: Меморандум за соработка со SkyLab, 50 ученици од Чаир ќе посетуваат бесплатни курсеви од областа на науката и личниот развој

    08.10.2026 во 21:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше за потпишувањето на Меморандум за соработка меѓу Општина Чаир и Центарот SkyLab, преку кој 50 ученици од општинските основни училишта ќе добијат можност за бесплатно учество во едукативни програми, насочени кон науката, развојот на личните способности и поттикнувањето на нивниот потенцијал.

    Во рамки на оваа соработка, учениците ќе имаат можност да ги посетуваат курсевите SKYLAB НАУКА и SKYMIND, каде што преку практични експерименти и современи методи на учење ќе ги прошируваат своите научни знаења, ќе ги развиваат способностите за концентрација, управување со емоциите и самодовербата.

    „Од училишните клупи до експериментите, откритијата и новите идеи! Со овој меморандум исполнуваме уште едно ветување од нашата програма, овозможувајќи им на 50 ученици од Чаир бесплатно да посетуваат програми кои ја поврзуваат науката со личниот развој. Чаир има талентирани деца, со љубопитност и исклучителен потенцијал. Наша задача е да им создадеме можности да го развиваат својот талент, да ги прошируваат знаењата и да ја градат својата иднина со поголема самодоверба. Токму тоа го правиме“, изјави Меџити.

    Оваа соработка претставува уште еден чекор кон проширување на образовните можности за учениците од Чаир, поттикнувајќи го учењето преку практично искуство и развојот на способности кои придонесуваат за нивниот интелектуален, емоционален и социјален развој.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски од Милетино: Опозицијата ја уништуваше Македонија седум години

    08.10.2026 во 20:34

    Мицкоски: Победуваме на изборите во Брвеница на 18 октомври

    08.10.2026 во 20:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.