УХМР ги измери температурите утрово во Македонија во осум часот. Според мерењата на синиптичарите, утрово најстудено е во Берово каде е измерен само еден степен над нулата.
Во Ѓуриште се измерени 13 степени, а тоа е највисоката температура во 8 часот утринава.
Во Скопје УХМР измери 6 степени утрово.
Времето денеска наутро ќе биде свежо, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност.
Услови за врнежи од дожд ќе има во западните планински делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 27 степени.
В петок, во деновите од викендот и во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Утринските температури ќе бидат во пораст.

