Во изминатото деноноќие до 7:30 часот утрово регистрирани се вкупно 39 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, додека 35 се целосно изгаснати.
Активни пожари има во општина Чашка, во близина на село Јаболчиште, каде гори букова и дабова шума, кривуљ и ниска вегетација. Пожар е активен и во општина Липково, на подрачјето на село Стрима, каде гори борова и нискостеблеста шума.
Третиот активен пожар е во општина Дебар, во близина на село Горно Косоврасти, каде гори мешана шума.
Пожарот во општина Студеничани, меѓу селата Драчевица и Цветово, каде горела ниска вегетација, е ставен под контрола.

