Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Судењето за „Пулс“ продолжува: Одбраната со нови докази и сведоци
    • ГАЛЕРИЈА: „Ќе се осакати некое дете, па кој ќе биде крив?“ – Граѓаните во Кисела Вода револтирани
    • Голема трагедија: Српскиот водител почина по сообраќајна несреќа
    • „Слушни, препознај, поддржи“ во Кисела Вода: Трибина за проблемите со кои се соочуваат децата
    • Македонија и соседите за Коридорот 8 – Фокус на поврзувањето и инфраструктурата
    • Муцунски и Петрова на иста маса: Средба за односите меѓу Македонија и Бугарија
    • „Експо 2027 Белград“ во Скопје: Можности за македонските компании, институции и организации
    • „Појадок со ХЕМА-ОНКО“: Отворен разговор за предизвиците на онколошките пациенти
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судењето за „Пулс“ продолжува: Одбраната со нови докази и сведоци

    Судењето за „Пулс“ продолжува: Одбраната со нови докази и сведоци

    08.10.2026 во 08:251 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во судницата во „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

    Предметот е во доказна постапка, а денешното рочиште треба да продолжи со изведување докази предложени од одбраната.

    На претходното рочиште сведочеше вештото лице и технички советник од областа на градежништвото Петре Русевски, предложен од првообвинетиот и сопственик на дискотеката Дејан Јованов. Тој посочи дека закупецот на просторот не извршил градежни активности што би можеле да се сметаат за реконструкција, туку градежно-занаетчиски работи и ентериерно уредување за потребите на дејноста.

    По ваквата изјава реагираа родители на загинатите, кои во судницата го нарекоа првообвинетиот „убиец“. Судот потоа побара дел од родителите да ја напуштат судницата.

    Обвинителството претходно го заврши изведувањето на своите докази. Беа изведени 1.390 материјални докази, а беа сослушани 45 сведоци и пет вешти лица. Одбраната досега најави 244 сведоци.

    Со предметот раководи судијката Дијана Груевска-Илиевска, додека обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

    Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    ГАЛЕРИЈА: „Ќе се осакати некое дете, па кој ќе биде крив?“ – Граѓаните во Кисела Вода револтирани

    08.10.2026 во 08:24

    Голема трагедија: Српскиот водител почина по сообраќајна несреќа

    08.10.2026 во 08:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.