Режисерот и водител Слободан Ѓукиќ почина на 76-годишна возраст, како последица на сообраќајна несреќа. Веста ја соопшти неговото семејство, а ја потврди и Радио-телевизија Србија (РТС).
Ѓукиќ долги години бил помошник на главниот уредник на Првата програма на Радио Белград, како и уредник на Редакцијата за забавна и хумористична програма. Најголемиот дел од својата професионална кариера го поминал во Радио Белград, каде што работел како автор, уредник и водител на познатата емисија „Филм“.

Приватна архива
Во текот на својата богата кариера режирал голем број емисии на Редакцијата за забавна и хумористична програма. Меѓу нив се „Мозаик на времето“, јавните снимања на емисијата „Караван“, серијалот „Даровница“ и „Радио што се гледа“.
Ѓукиќ бил и идеен творец и уредник на ноќната програмска шема на Радио Белград 1.
Дипломирал режија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Извесен период работел како режисер во Радио Сараево, а бил и професор во гимназија.
Времето и местото на погребот на Слободан Ѓукиќ дополнително ќе бидат објавени.

