Во Скопје денеска ќе се одржи Отворен ден посветен на „Експо 2027 Белград“, на кој ќе бидат претставени можностите за учество, соработка и вмрежување. Настанот го организира „Експо 2027 Белград“ во соработка со македонскиот павилјон „Сите ритми на сонцето“ (All Rhythms of the Sun).
Програмата ќе се одржи во „Јавна соба“ од 12 до 15 часот, а пред присутните ќе биде претставена визијата на специјализираната изложба, како и можностите што таа ги нуди за различни сектори.
Настанот ќе го отвори директорот на „Експо 2027 Белград“, Данило Јериниќ, со поздравно обраќање и промотивно видео. Потоа ќе следуваат презентации за можностите за учество преку програмите за образовни институции, организации, спортски федерации и партнери, како и за „Експо 2027“ како деловна платформа за поврзување и создавање нови партнерства.
Во рамки на настанот ќе биде прикажано и промотивното видео за Македонија, посветено на македонскиот вински сектор, а ќе се одржи и презентација за туристичкиот сектор и излезниот туризам, со можност за вмрежување меѓу учесниците.
За медиумите, во 10 часот е предвидена неформална средба со претставници на „Експо“, на која ќе може да се разговара и интервјуира директорот Данило Јериниќ. По средбата ќе се одржи и прес-конференција, на која ќе се обратат Јериниќ и комесарот на македонскиот павилјон, Александар Велиновски.
„Експо 2027 Белград“ ќе ги поврзе земјите, институциите, организациите и деловниот сектор, со можности за нови партнерства и соработка во области како образованието, спортот, економијата и туризмот.

