„Појадок со ХЕМА-ОНКО“ денеска ќе се одржи на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје. Настанот е посветен на пациентите, здравствените работници и унапредувањето на онколошката грижа.
Во организација на Здружението за поддршка на пациентите со хематолошки и онколошки заболувања ХЕМА-ОНКО, настанот има за цел да поттикне отворен разговор и размена на искуства меѓу пациентите и здравствените професионалци за предизвиците и потребите со кои се соочуваат пациентите во текот на лекувањето.
Од здружението велат дека акцентот ќе биде ставен на заедничко создавање подобра и посеопфатна онколошка грижа, преку директен дијалог и соработка меѓу сите засегнати страни.

