Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, бележи зголемување од 2,7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,7%, објави Државниот завод за статистика.
На годишна основа во септември раст на трошоците на живот е забележан кај сите мерени параметри и тоа: кај храната и безалкохолните пијалаци од 1,7%, кај алкохолот од 6,5%, обувки 2,7%, смествање, вода електрична енергија и други горива за 3,7%, кај покуќнината за 2,2% , здравствената заштита за 1,3%, а кај транспортот од 3,3% , информации и комуникации од 0,4%, кај рекреацијата спортот и културата од 5,2%, ресторани ие услуги за сместување од 4,1%, личната нега од 2,6% и кај осигурувањето и финансиските услуги за 0,3%.
Според податоците на ДЗС, месечната инфлацијата (септември во однос на август), останала на исто ниво, а цените на мало за еден месец (август- септември) се намалиле за 1,3%.
Во септември 2026 година, во однос на август 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: рекреација, спорт и култура за 3,7%, транспорт за 3,4%, ресторани и услуги за сместување за 0,3% и информации и комуникации за 0,1%.
Во септември 2026 година, во однос на август 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 1,3%, храна и безалкохолни пијалаци, лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,5%, услуги за образование за 0,4%, Облека и обувки за 0,3%, здравствена заштита, домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0.2 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1%.
Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

