Студено утро во поголем дел од Македонија, а температурите на неколку места се спуштија и под нулата.
Најниската минимална температура е измерена во Берово, каде утрово биле регистрирани минус 1,6 степени. Во Радовиш-Плочар минималната температура се спуштила до минус еден степен.
Во Скопје-Петровец минималната температура изнесувала два степени, во Битола и Струмица 1,2 степен, додека во другите градови утринските температури главно се движеле меѓу четири и осум степени.
Според мерењата во 8 часот, во Куманово биле измерени 4,2 степени, во Велес 5,1, во Демир Капија 5,7, во Прилеп и Штип по шест, во Охрид 6,7, а во Тетово 7,8 степени.
Нешто потопло било во Кавадарци со 10,1 степен, на Попова Шапка со 11,6 и во Крушево со 12,1 степен.
Највисока температура во 8 часот е измерена во Ѓуриште – 12,4 степени.

