Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче го претстави Мастер планот на СДСМ: Најави закон за ветинг за сите функционери
    • Обвинителството со детали: Обезбедени наредби за претрес кај виш јавен обвинител од Битола поради сомневања за корупција
    • МВР се огласи: Се врши претрес во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола
    • Филипче за Барутана: На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ
    • Ескалација на протестите низ Франција: Полицијата употреби солзавец, блокирани половина од средните училишта
    • Меси добива титула „Почесен доктор“ од Универзитетот во Буенос Аирес
    • Пет тинејџери под истрага за групно силување на 17-годишно девојче во напуштена зграда – Хорор во Романија
    • Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче го претстави Мастер планот на СДСМ: Најави закон за ветинг за сите функционери

    Филипче го претстави Мастер планот на СДСМ: Најави закон за ветинг за сите функционери

    06.10.2026 во 21:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Директно“ на телевизија Телма, ги претстави клучните точки од Мастер планот на СДСМ.

    Како дел од Мастер планот, Филипче ги посочи продолжувањето на европскиот пат, враќањето на правдата преку соработка со европското обвинителство, ревизија на тешки случаи, специјален закон за ветинг за сите функционери и друго.

    Во делот на правдата, Филипче посочи декасо Мастер планот е предвиден посебен Закон за ветинг со кој ќе бидат опфатени сите функционери, без исклучок и поранешни и актуелни, при што нагласи дека тој лично би бил прв подложен на проверка.

    „Специјален посебен закон за ветинг, од мене прв и сите други од времето на СДСМ, вклучувајќи ги и Зоран Заев и Радмила Шекеринска, Петре Шилегов. Нека се види и нека се провери после тоа. Но, и сите сегашни функционери на ВМРО, на чело со премиерот Христијан Мицкоски“, рече Филипче.

    Филипче посочи дека во процесот е предвидено да бидат вклучени странски експерти и да се направи проверка на потеклото на имотот.

    „Со странски експерти, проверка и потекло на имотот, вклучувајќи и проверка и потекло на имотот на најголемите компании, кои изминатите повеќе од 10 години работе со државата остврија со екстра профити, со посебни членови во законот за екстра оданочување на профитите, затоа што тие компании работеа, целосно според закон, а остваруваат екстра профит. Имаме мултимилионери на сметка на државата – ќе се вратат парите во буџетот“, рече Филипче.

    Филипче нагласи дека Мастер планот има за цел преку конкретни политики да се врати довербата на граѓаните, при што правдата, европскиот пат, борбата против корупцијата се поставени како клучни приоритети.

    „Затоа, како што кажав, континуитет на некои одредени политики и научени лекции. Така го креиравме мастер планот. Европа, мора да продолжи. Правда, мора да се врати за да им се врати довербата на разочараните граѓани. Никој не може да ме запре во борбата за подобар живот, во борбата против корупцијата, за побогати граѓани и за европска Македонија“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче за Барутана: На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ

    06.10.2026 во 20:24

    Божиновска во Белград на Вториот министерски самит: Фокус на Вертикалниот гасен коридор и енергетската сигурност

    06.10.2026 во 18:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.