ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за двојни стандарди во односот кон корупцијата и случајот поврзан со поранешната министерка Славјанка Петровска.
Од партијата тврдат дека Филипче го отворил прашањето за набавката на хеликоптери дури откако Петровска се приклучила на Платформата „12.05“ и јавно побарала промени во СДСМ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Платформата претходно побарала Филипче да се повлече од лидерската позиција, по што тој ја прозвал Петровска во врска со наводите за набавката на хеликоптери и договорот за кој, според неговите тврдења, постоела разлика од 37 милиони евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат кога Филипче дознал за случајот и зошто, како што велат, не го обелоденил порано.
Од партијата повикуваат сите информации за евентуални сомнежи за криминал да бидат доставени до Јавното обвинителство.

