Од Левица реагираат на предлогот на Стопанската комора за намалување на бројот на неработни денови, оценувајќи дека со тоа работничките права се третираат како трошок, а економскиот интерес како главен приоритет.
Од партијата велат дека наместо подобрување на условите за работниците, се бара зголемување на продуктивноста преку поголем број работни денови.
Левица ја критикува и Владата, тврдејќи дека ваквите иницијативи може да добијат поддршка од владејачките структури и дека зад аргументите за подобра бизнис-клима стојат интересите на крупниот капитал.
Од партијата предупредуваат дека отворањето на прашањето за неработните денови може да биде проследено и со нови барања за промени во работничките права, како и намалување на заштитите што ги уживаат вработените.
„Левица ова нема да го дозволи“, наведуваат од партијата.

