Делегација на Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа денеска ќе престојува во Собранието на Северна Македонија.
Во рамки на посетата е предвидена средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, и заменик-претседателот на Комисијата за локална самоуправа, Пеце Милевски.
На средбата се очекува да бидат разменети ставови за прашања поврзани со локалната самоуправа и соработката со Советот на Европа.

