УХМР најавува дека утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од -3 до 6, а максималната од 22 до 29 степени.
Во Скопје, УХМР најавува сончево и релативно топло време, со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 26 степени.
До четврток времето ќе биде сончево и релативно топло, со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот се очекува променливо облачно време, со услови за врнежи од дожд.

