Close Menu
Press24
    Најново

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска Давкова: Не се оди надвор без да се постигне консензус дома
    • Бројот на жртви во руските напади врз Харков порасна на најмалку 5, ранети се уште 30 лица
    • Сиљановска-Давкова: Прашањето со Бугарија не може да се квалификува ниту како билатерално, ниту само како проблем со ЕУ
    • Го нападнал малолетниот син на неговата вонбрачна партнерка
    • Каранфилова Пановска: Македонија е блокирана од лажниот профитерски патриотизм на Мицкоски 
    • Евакуиран авион на Ер Србија, 75-годишник се пошегувал дека има бомба
    • Стојаноски: Работиме на испорака на реформи и мерки, тоа го потврди и Фон дер Лајен
    • Милошоски: Каранфилова Пановска пак на иста линија со Бугарија, вели преговарачката рамка е европска позиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска Давкова: Не се оди надвор без да се постигне консензус дома

    Сиљановска Давкова: Не се оди надвор без да се постигне консензус дома

    05.10.2026 во 22:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската Унија преку посетата на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен покажа максимална заинтересираност за прашањето за одблокирање на евроинтегративниот процес.

    Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова во гостувањето во „Тема на денот“ рече дека се уште Скопје и Софија различно гледаат на спорот.

    Вели дека Фон дер Лајен го препорачала истото што Македонија се обидува подолго време да го направи – а тоа е да се седне на маса и да се разговара.

    – Госпогоѓата Јотова вели дека не е билатерален, туку дека имаме проблем со Европската Унија. А пак, госпоѓата Фон дер Лајен вели дека мора да разговарате и низ дијалог, се разбира, да размените различни ставови. Е сега не можете да го квалификувате проблемот или процесот и како билатерален исклучиво, или како проблем што го имаме со ЕУ. Точно е дека записникот е дел од заклучоците. Но неточно е дека записникот е дел од преговарачката рамка, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

    Прашана зошто Македонија не го почне процесот за носење уставни измени со одложено дејство, и на тој начин да ја принуди Бугарија да преземе чекор, претседателката вели дека за такво нешто потребен е консензус.

    – Презедовме чекор бидејќи точно е дека во секоја демократска држава има разлики, помали ли поголеми, помеѓу власта и опозицијата. Но за жал, во некои држави дури и кога не се на страната на вистината, тие во еден глас говорат кон надвор. Да, почнавме, ако се сеќавате, преку средби да создаваме една атмосфера. Јас не знам колку пати сум рекла дека не се оди надвор без да се постигне консензус дома и без да има договор, говорам за прашања од национален интерес.

    – СДСМ е пречка за уставни измени со одложено дејство?

    – Видете, конкретно за тоа не. Но рековме дека треба да излеземе кон надвор со унифициран став без оглед на другите разлики, рече Сиљановска Давкова.

    Претседателката кажа дека по повод 35-годишнината од независноста на Македонија, добила честитка од нејзината бугарска колешка, но во неа биле нотирани прашањата кои треба да бидат решени.

    Меѓу нив, Јотова потсетила на писмото кое и го испрати за случајот со Ива Михаилова.

    За ова прашање, Сиљановска Давкова вели дека не одговорила на писмото бидејќи нема да се осуди да интевернира во судството, оти верува во неговата независност, но верува и во здраствениот систем. 

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова: Прашањето со Бугарија не може да се квалификува ниту како билатерално, ниту само како проблем со ЕУ

    05.10.2026 во 21:48

    Го нападнал малолетниот син на неговата вонбрачна партнерка

    05.10.2026 во 21:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.