Close Menu
Press24
    Најново

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Каранфилова Пановска: Македонија е блокирана од лажниот профитерски патриотизм на Мицкоски 
    • Евакуиран авион на Ер Србија, 75-годишник се пошегувал дека има бомба
    • Стојаноски: Работиме на испорака на реформи и мерки, тоа го потврди и Фон дер Лајен
    • Милошоски: Каранфилова Пановска пак на иста линија со Бугарија, вели преговарачката рамка е европска позиција
    • Млад тетовец фатен со 15 пакувања марихуана
    • Истепан маж од струшко Радолишта, со повреди бил однесен во болница
    • Мерц и Макрон се залагаат за мерки на ЕУ против нефер трговските практики
    • Ферати-Палминтери: Продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на европските фондови, економијата и образованието
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Каранфилова Пановска: Македонија е блокирана од лажниот профитерски патриотизм на Мицкоски 

    Каранфилова Пановска: Македонија е блокирана од лажниот профитерски патриотизм на Мицкоски 

    05.10.2026 во 21:133 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија е на раб на пропаст и блокирана од Мицкоски и ВМРО, нагласи заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во интервју во емисијата  „Топ тема“ на телевизија Телма. Каранфилова Пановска посочи дека претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен потврди дека македонскиот индентитет е беторниран и не е никако загрозен. Оттаму како што кажа Каранфилова Пановска, отворањето на преговарачката рамка со Европската Унија и создавањето нови билатерални преговори би значело дополнително одолговлекување на европскиот процес, додавајќи дека  преговарачката рамка е усогласена со сите 27 земји членки на Европската Унија и дека во неа е утврдено прашањето за македонскиот јазик и идентитет.

    „Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен кажа дека нашиот идентитет е бетониран, нешто што ние го зборуваме и го повторуваме со години наназад, и дека со ништо не е загрозен во европската интеграција, ниту било како поинаку, што ќе правиме ние, што ќе прави Муцунски во Софија оваа недела? Дали има намера да репреговара нешто околу преговарачката рамка? А со тоа и околу идентитетот? Нешто што е испреговарано и договорено со 27 држави членки, кое што при тоа го гарантира нашиот идентитет, ако е тоа клучниот проблем, согласно овој лажен патриотизам што го шири ВМРО, нема потреба ние тоа да го реотвараме, најмалку со соседна Бугарија. Ризикот од реотварање на тоа што е веќе дефинирано во преговорачката рамка е огромен, а второ прашање, кое што е објективно, како и да цени ВМРО и Муцунски по задача на Мицкоски да ја реотвара преговарачката рамка, тоа значи реотварање и репреговарање во сите 27 држави членки“ рече Каранфилова Пановска.

    Каранфилова Пановска укажа дека повторното отворање на веќе договорената рамка би можело да има последици врз динамиката на европскиот процес.

    „И што значи тоа? Дека ние ќе останеме блокирани вечно? Мислам дека ни е јасно што треба да направиме да не губиме времето и моментот. Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ни кажа децидно дека со преговарачката рамка се покажува дека местото на Македонија е во Европската Унија,“ рече Каранфилова Пановска.

    Во дебатата, Каранфилова Пановска нагласи дека Македонија од држава предводник во европките интеграции, сега е на раб на пропаст, поради изолационистичките политики на власта, додавајќи дека ВМРО ќе сноси сериозна одговорност за блокирањето на иднината на државата. 

    „Државата е на раб на пропаст. Македонија, од предводник во европските интеграции, од држава која што беше прва во реформите, ја доведоа со нивниот квазипатриотизам, во фаза да останеме црна дупка на Балканот. Да останеме изолирани од сите, оваа реторика не води никаде.Оваа блокирана држава од лажиниот профитерски патриотизам служи само на вашата партија.ВМРО ќе одговара и ќе сноси сериозна  одговорност за блокирањето на иднината на државата, за иселување на младите, за огромната дупка во Буџетот, за огромната дупка во Фондот за ПИОМ, за огромните задолжавања“, рече Каранфилова Пановска.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Работиме на испорака на реформи и мерки, тоа го потврди и Фон дер Лајен

    05.10.2026 во 20:27

    Милошоски: Каранфилова Пановска пак на иста линија со Бугарија, вели преговарачката рамка е европска позиција

    05.10.2026 во 20:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.