Close Menu
Press24
    Најново

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ферати-Палминтери: Продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на европските фондови, економијата и образованието
    • Активни 14 пожари и два под контрола
    • Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците
    • „Да се говори значи да се има став“ – со ученичка дебата во Собранието одбележан Светскиот ден на наставниците
    • За само шест месеци откриени над 6.300 AI-слики со сексуална злоупотреба на деца
    • Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
    • Проверете си ги сметките: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
    • Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ферати-Палминтери: Продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на европските фондови, економијата и образованието

    Ферати-Палминтери: Продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на европските фондови, економијата и образованието

    05.10.2026 во 19:151 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот Агон Ферати оствари средба со амбасадорот на Италија во земјава, Паоло Палминтери, на која се разговараше за преструктуирањето на министерството и за зајакнувањето на институционалните капацитети, со фокус на формирањето на сектор за меѓународна соработка и европски фондови. Во таа насока, амбасадорот ја потврди подготвеноста на Италија да го поддржи обучувањето на административниот кадар за управување со и искористување на европските фондови.

    На средбата се разговараше и за образовната и економската соработка, вклучително и за размена на студенти во различни програми, како и за можностите за искористување на италијанските искуства во различни области на економскиот развој, со цел зајакнување на соработката меѓу двете земји.

    Евроинтегративниот пат на Република Северна Македонија беше истакнат како еден од главните приоритети, при што беше нагласено значењето на поддршката и искуството на Италија во овој процес. Двете страни изразија подготвеност за натамошно продлабочување на институционалната, економската, образовната и европската соработка.

    Прочитај повеќе

    Активни 14 пожари и два под контрола

    05.10.2026 во 18:58

    „Да се говори значи да се има став“ – со ученичка дебата во Собранието одбележан Светскиот ден на наставниците

    05.10.2026 во 18:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.