Млад маж (24) ја усмртил својата баба во понеделник попладне во населбата Станови во Задар, потврди задарската полиција, а пренесе „RTL Danas“.
Според првичните и сè уште неофицијални информации, нападот се случил рано попладне, кога младиот човек со употреба на нож ја нападнал и ја убил својата баба. Засега мотивите и целокупните околности што му претходеле на овој чин остануваат непознати.
Од задарската полиција информираат дека увидните екипи се на терен и се спроведува сеопфатна истрага со цел целосно расветлување на овој трагичен настани и утврдување на сите факти.

