УХМР ги измери температурите во 11 часот во градовите низ Македонија. Гевгелија и Крива Паланка со 21 степени се најтоплите места во Македонија во моментов. Од друга страна, Попова Шапка со 11 степени е местото со најниска измерена температура во 11 часот претпладнево.
Во Скопје УХМР измери 16 степени.
Денеска времето ќе биде ведро и студено во утринските часови, додека во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од -3 до 6 степени, а дневните ќе достигнат од 22 до 29 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува сончево и релативно топло време, со слаб ветер од јужен правец. Температурата наутро ќе се спушти до 3 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне 27 степени.
Според прогнозата на УХМР, релативно топлото време ќе продолжи и во наредните денови. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток се очекува зголемување на облачноста, како и пораст на утринските температури. Во петок се можни услови за појава на локален дожд.

