Close Menu
Press24
    Најново

    Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, од македонскиот идентитет не отстапуваме

    04.10.2026 во 14:48

    Итнервентна полиција викендов во акција – Скопјани направиле хаос во локал, имале и ножеви

    05.10.2026 во 08:04

    Ќе нема струја – Овој понеделник најавени исклучувања во Скопје

    05.10.2026 во 07:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • За 10 години минималната пензија се зголемила за 3 пати – од 7.700 на 21.500
    • Шест малолетници приведени во Скопје
    • Пилотот побарал да се помоли, а потоа со секира го нападнал капетанот – Детали за ужасот во авионот на Флајдубаи
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со двојни стандарди во случајот со Славјанка Петровска
    • ВМРО-ДПМНЕ: Охрид се гради и модернизира -Нови проекти во инфраструктурата, образованието и спортот
    • Тешка ситуацијата со пожарите во Липковско: Горат Матејче и Стрима, побарана помош од воздух
    • „Ме избодеа по целото тело“: Лекарите спасиле маж нападнат од рој стршлени
    • Газдите бараат да се скратат некои празнични денови – Мора да се работи повеќе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » За 10 години минималната пензија се зголемила за 3 пати – од 7.700 на 21.500

    За 10 години минималната пензија се зголемила за 3 пати – од 7.700 на 21.500

    05.10.2026 во 11:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За десет години минималната пензија во Македонија е зголемена речиси трипати. Ако во 2016 година најниската пензија изнесувала 7.783 денари, денес таа е околу 21.500 денари, покажува анализата на финансискиот магазин „Пари“.

    Во истиот период значително пораснале и просечната и највисоката пензија. Просечната пензија од нешто над 13 илјади денари во 2016 година денес е близу 29 илјади денари, додека највисоката пензија од околу 38 илјади денари достигнала повеќе од 97 илјади денари.

    Најголем процентуален раст има кај најниските пензии. За една деценија минималната пензија е зголемена за околу 176 проценти, просечната за околу 120 проценти, а највисоката за повеќе од 150 проценти.

    Значително влијание врз растот имаа и линеарните зголемувања на пензиите, со кои сите пензионери добиваа ист номинален износ. Таквиот модел најмногу им одговара на пензионерите со пониски примања и придонесе да се намали разликата меѓу најниската и највисоката пензија.

    Сепак, и покрај растот на пензиите, нивниот однос со просечната плата не е значително подобрен. Во 2016 година просечната пензија изнесувала околу 59 проценти од просечната плата, а денес тој сооднос е нешто понизок.

    Од друга страна, минималната пензија денес е поблиску до минималната плата отколку пред десет години. Тоа покажува дека најниските пензии растеле побрзо од дел од останатите примања, но прашањето за куповната моќ и натаму останува клучно, особено во услови на повисоки трошоци за живот.

    Прочитај повеќе

    Шест малолетници приведени во Скопје

    05.10.2026 во 11:11

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со двојни стандарди во случајот со Славјанка Петровска

    05.10.2026 во 11:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.