На 4 октомври, во 00:45 часот, во СВР Штип било пријавено дека на улицата „Ванчо Прќе“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувал 16-годишник од Штип.
Според пријавеното, малолетникот управувал мопед „априлија“ со штипски регистарски ознаки, при што изгубил контрола над возилото, удрил во паркиран автомобил „опел“ и паднал на коловозот.
Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Штип.

