Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Преносот на останките на цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев

    03.10.2026 во 14:42

    Лукровски: Инвестираме во иднината на Карпош со изградба на детската градинка „Пролет 2“, спортски сали и мега-парк

    03.10.2026 во 14:13

    Охриѓанец ја натепал сопругата – заврши зад решетки

    03.10.2026 во 13:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
    • Шест лица повредени, четворица од нив се тинејџери – тешка сообраќајна несреќа во Гостивар
    • Скопјанец ја нападнал својата 29-годишна ќерка
    • Кобила се ождреби на улица во Скопје
    • Пожар на Шар Планина, над Боговинско Езеро
    • Повреден пожарникар – гасел пожар во Скопје
    • Каранфилова Пановска: Без итна поддршка, оризовите ниви догодина може да останат непосеани
    • Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз – власта да го поддржи законот на СДСМ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка

    Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка

    04.10.2026 во 14:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

    Министерот за здравство Клековски истакна дека подигнувањето на свеста за ракот на дојка останува еден од приоритетите, посочувајќи дека за успешно лекување неопходно е болеста да се открие навреме. Еден од главните проблеми сега, како што истакна тој, е скрининг програмата за рак на дојка, која според извештајот на Државниот завод за ревизија е неуспешна.

    – Мораме комплетно да го премислиме концептот и се надевам многу бргу заедно со Хема – онко ќе промовираме нов концепт за скрининг програмата – рече Клековски.

    Осврнувајќи се на третманот на пациентките, министерот информира дека два лека за рак на дојка се префрлени на позитивната листа, со што пациентките кои се на хронична терапија можат лековите да ги подигнуваат во аптеките, наместо да доаѓаат на Клиниката за онкологија. Според него, снабдувањето со лекови во моментов е стабилно, но Министерството за здравство анализира дополнителни мерки за надминување на прекините во испораката на терапијата.

    Прочитај повеќе

    Шест лица повредени, четворица од нив се тинејџери – тешка сообраќајна несреќа во Гостивар

    04.10.2026 во 14:20

    Скопјанец ја нападнал својата 29-годишна ќерка

    04.10.2026 во 13:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.