Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Преносот на останките на цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев

    03.10.2026 во 14:42

    Лукровски: Инвестираме во иднината на Карпош со изградба на детската градинка „Пролет 2“, спортски сали и мега-парк

    03.10.2026 во 14:13

    Охриѓанец ја натепал сопругата – заврши зад решетки

    03.10.2026 во 13:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Борозан: Македонскиот идентитет е зачуван – Мицкоски е незадоволен затоа што му ја одзедоа лагата
    • Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти
    • Ден на промени: Прочитајте го вашиот дневен хороскоп
    • Орце Ѓорѓиевски: Скопје е на нозе – стартуваше маратонот
    • Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец – поведена истрага
    • Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок
    • СДСМ: И што сега, Мицкоски? Незадоволен си што идентитетот е зачуван?
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче откри сомнеж за криминал од 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го повикуваме да ги достави доказите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Борозан: Македонскиот идентитет е зачуван – Мицкоски е незадоволен затоа што му ја одзедоа лагата

    Борозан: Македонскиот идентитет е зачуван – Мицкоски е незадоволен затоа што му ја одзедоа лагата

    04.10.2026 во 11:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет и македонски јазик се заштитени и сочувани. В лице на Мицкоски и пред целата јавноста кажа: „Ве чекаме во Европа со вашиот идентитет и јазик, веруваме дека македонската култура и македонскиот јазик можат да ја направат нашата Унија побогата„. А Мицкоски вели дека не е задоволен од пораките на Фон дер Лајен, изјави на денешната прес конференција на СДСМ, Маја Борозан.

    Незадоволен е затоа што му ја одзедоа лагата.

    Нема повеќе лаги дека тој нешто чува, затоа што претходната влада веќе го зачува македонскиот идентитет.

    Единствениот што го загрозува националниот интерес е токму тој – арамијата Мицкоски.

    Затоа што национален интерес на Македонија е членство во ЕУ.

    Му потонаа сите лаги дека нешто штити.

    Нас не нарекуваше предавници. Велеше никогаш Северна, најавуваше укинување на Преспанскиот договор, враќање на името, подобра преговарачка рамка.

    Дојде на власт и Преспанскиот договор стана ремек-дело на дипломатијата. Силјановска рече: македонскиот јазик, култура, идентитет се заштитени со договорот од Преспа.

    Сега тоа, во лице, го кажува и претседателката на Европската Комисијата. А тој е незадоволен.

    Незадоволен е затоа условите остануваат, Основи, реформи, и европско обвинителство. Лаура Ковеши пред членство. А потоа ќе мора да се одговара.

    Тоа  Мицкоски не го сака. Затоа е незадоволен.

    Нема повеќе предавници. Затоа што тој е единствениот предавник на интересот на граѓаните, заради личен интерес.

    Ветуваше подобри услови а за две и пол години не успеа ништо. Никаде ги нема. Нема гаранции. Нема нова преговарачка рамка.

    Прашањето е што ќе прави сега Мицкоски? Избори, за да избега од следниот чекор? Или нова лага, нови анти-ЕУ кампањи?

    Арамија е незадоволен од вистината. Народот е незадоволен од бандата.

    Правдата мора да биде задоволена.

    Прочитај повеќе

    Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти

    04.10.2026 во 11:41

    Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

    04.10.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.