Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести: Падна цената на нафтата

    01.10.2026 во 14:04

    Ивановски, Петровска и Начевски поднесоа предлози за структурни промени во СДСМ на „Бихаќка“

    02.10.2026 во 12:15

    (ФОТО) Муцунски ја пречека Фон дер Лајен во Скопје: Пред нас се конструктивни средби

    02.10.2026 во 12:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Франција во затворите има над 90.000 осудени лица
    • Штипјанец заедно со брат му си ја натепал сопругата и други блиску роднини
    • Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“
    • Мицкоски: Преносот на останките на цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев
    • Вреди: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за раст
    • Лукровски: Инвестираме во иднината на Карпош со изградба на детската градинка „Пролет 2“, спортски сали и мега-парк
    • Од декември построги услови за кредит
    • Мицкоски: Охрабрени сме од пораките од Фон дер Лајен, но не и од ставот за уставните измени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Франција во затворите има над 90.000 осудени лица

    Франција во затворите има над 90.000 осудени лица

    03.10.2026 во 15:511 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Француските затвори, според најновите податоци, имаат 90.020 затвореници, што е нов рекорд, покажува официјалната статистика на Министерството за правда.

    Фигаро пренесува дека во споредба со претходната година бројот на затвореници е зголемен за 6,8 проценти, додека бројот на оперативни места на 1 септември изнесувал 63.348.

    Бројот на душеци на подот, поради недостаток на кревети, достигнал 8.347, што е зголемување од 51 процент во споредба со минатата година.

    Пополнетоста на затворите достигна 176 проценти во притворите, во кои се чуваат лица осудени на кратки казни или кои чекаат судење и затоа се сметаат за невини.

    Вкупната стапка на пренатрупаност изнесува 142 проценти.

    Претходно годинава, Советот на Европа ги осуди условите во француските затвори, предупредувајќи во извештај за ризикот тие да станат „човечки магацини“. Посебно беа потенцирани пренатрупаноста, нехигиенските услови и насилството во затворите.

    Министерството за правда има намера да отвори дополнителни 3.000 места во модуларните затвори, што се сметаат за поевтини и побрзи за изградба.

    Според податоците на Советот на Европа, Франција и Турција имаат најпреполни затвори, бидејќи во двете земји на секои 100 расположиви места има 131 затворено лице.

    По нив следуваат Хрватска со 123 места и Италија со 121 место.

    Прочитај повеќе

    Рекорден број луѓе во Јемен не можат да ги задоволат потребите за храна

    02.10.2026 во 21:19

    Франција се обидува да ги смири протестите во училиштата, илјадници лица се приведени

    02.10.2026 во 21:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.