Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести: Падна цената на нафтата

    01.10.2026 во 14:04

    Ивановски, Петровска и Начевски поднесоа предлози за структурни промени во СДСМ на „Бихаќка“

    02.10.2026 во 12:15

    (ФОТО) Муцунски ја пречека Фон дер Лајен во Скопје: Пред нас се конструктивни средби

    02.10.2026 во 12:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дурмиши: Инфлацијата е стабилизирана
    • Батериските системи во фокусот на стручниот придонес на Феро Инвест на „Енергетика 2026“
    • 31 година од атентатот врз претседателот Киро Глигоров
    • Викенд уживање: Температури до 27 степени
    • Меган Маркл претстави луксузен календар инспириран од нејзиниот дом во Монтесито
    • Едно од најчестите машки имиња во Македонија крие посебно значење
    • Македонскиот КИЦ во Загреб ја отвора новата галериска и концертна сезона
    • Архиепископот Стефан одбележува 40 години епископска служба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дурмиши: Инфлацијата е стабилизирана

    Дурмиши: Инфлацијата е стабилизирана

    03.10.2026 во 10:231 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Инфлацијата во земјава е стабилна и инфлаторните притисоци се значително намалени во споредба со претходните години, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во интервју за телевизија Алсат-М.

    Според Дурмиши, најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат инфлација од 2,6 проценти, што, како што оцени, претставува значително пониско ниво во однос на периодите кога таа достигнувала четири проценти, а пред неколку години и меѓу осум и 10 проценти.

    Министерот истакна дека мерките преземени од Владата придонеле за стабилизирање на состојбите и ублажување на ценовните притисоци.

    Осврнувајќи се на состојбите во јавните финансии, Дурмиши рече дека буџетот е стабилен и дека до крајот на годината ќе продолжи редовната исплата на платите во јавниот сектор и на пензиите.

    Во интервјуто тој зборува за односот меѓу минималната плата и трошоците за живот, наведувајќи дека во изминатите две години нето минималната плата бележи поголем раст од трошоците за храна и пијалаци. Според неговите податоци, нето минималната плата е зголемена за околу 4.000 денари, додека трошоците за храна и пијалаци се зголемиле за нешто повеќе од 3.000 денари.

    Прочитај повеќе

    Батериските системи во фокусот на стручниот придонес на Феро Инвест на „Енергетика 2026“

    03.10.2026 во 10:21

    Николоски: Македонија економски напредува, политички е стабилна, пред нас се бројни предизвици

    02.10.2026 во 22:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.