Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести: Падна цената на нафтата

    01.10.2026 во 14:04

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Крива Паланка: Татко си го нападнал малолетниот син со нож

    01.10.2026 во 14:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонскиот КИЦ во Загреб ја отвора новата галериска и концертна сезона
    • Архиепископот Стефан одбележува 40 години епископска служба
    • Николоски: Македонија економски напредува, политички е стабилна, пред нас се бројни предизвици
    • Две лица повредени со остар предмет, во домот на насилникот најдени пиштоли и куршуми
    • Рекорден број луѓе во Јемен не можат да ги задоволат потребите за храна
    • Франција се обидува да ги смири протестите во училиштата, илјадници лица се приведени
    • Пленковиќ: Вооружувањето на Србија е речиси „шопинг-манија“
    • Мајка ги запоставила децата и дозволила малолетничка да има полови односи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонскиот КИЦ во Загреб ја отвора новата галериска и концертна сезона

    Македонскиот КИЦ во Загреб ја отвора новата галериска и концертна сезона

    02.10.2026 во 22:431 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во понеделник, 5. октомври, во 19:00 часот, со изложба на Евгениј Пантев и концерт на Ристо Ѓоревски и Елена Атанасовска-Ивановска започнува новата галериска и концертна сезона во македонскиот КИЦ во Загреб.

    Настанот ги поврзува визуелната и музичката уметност, отворајќи простор за претставување на македонското графичко и музичко творештво пред хрватската публика.

    „Дисциплина на скратениот траг“, на Евгениј Пантев, е самостојна графичка изложба што опфаќа дела создадени во техника на длабок печат. Поставката е замислена како заокружена авторска целина што на хрватската публика ѝ го доближува уметничкиот израз и техничкиот пристап на современото македонско визуелно творештво.

    По отворањето на изложбата следи рецитал за кларинет со придружба на клавир. Кларинетистот Ристо Ѓоревски и пијанистката Елена Атанасовска-Ивановска ќе изведат дела од светската и македонската класична музичка продукција.

    Програмата ги поврзува познатите класични остварувања со композиции на македонски автори, а преку елементи на етномузиката и мотиви од македонскиот фолклор го поврзува класичниот музички израз со традиционалното наследство.

    Проектот се реализира во рамките на годишната програма на македонскиот КИЦ во Загреб со поддршка на Министерството за култура и туризам.

    Прочитај повеќе

    Архиепископот Стефан одбележува 40 години епископска служба

    02.10.2026 во 22:27

    Две лица повредени со остар предмет, во домот на насилникот најдени пиштоли и куршуми

    02.10.2026 во 21:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.