Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести: Падна цената на нафтата

    01.10.2026 во 14:04

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Крива Паланка: Татко си го нападнал малолетниот син со нож

    01.10.2026 во 14:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски во Кичево: Новата болница е цел, но не чекаме — кичевската болница напредува уште сега
    • „Ме нападна мене, а кога пријателот сакаше да ме заштити го натепа и него“: Загрижена кочанчанка го пријавила партнерот во полиција
    • Скопје: Го натепал сопствениот татко па кршел прозорци
    • Утре повеќе од 8 часа ќе нема струја – Од електродистрибуција најавија исклучувања
    • Петровска со денови добивала закани од Бихаќка: Го повикува Филипче на соочување
    • Разбојништво во Аеродром: Ограбена жена во станбена зграда
    • Јанев од Прилеп: Митот за недопирливите падна, поднесени пријави против 21 лице по големата акција против дрога и криминал
    • Повредена вработена во Дом за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски во Кичево: Новата болница е цел, но не чекаме — кичевската болница напредува уште сега

    Клековски во Кичево: Новата болница е цел, но не чекаме — кичевската болница напредува уште сега

    02.10.2026 во 17:013 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска ја посети Општа болница – Кичево, каде заедно со директорката д-р Маја Цветаноска Трајковска и градоначалникот Александар Јовановски одржа прес-конференција за новата болница и за намената на постојниот објект.

    Овој настан е дел од работната посета на здравствените установи во југозападниот регион, која ги опфати и Специјалната болница за нефрологија и Општата болница во Струга.

    „Новата болница е наша цел и активно работиме на реализација на овој проект. Но, граѓаните на Кичево и околината не можат да чекаат додека таа се изгради. Затоа, не чекаме — болницата ја зајакнуваме уште сега, со нова опрема, нови услуги и нов кадар“, изјави министерот Клековски.

    Министерот ги истакна најзначајните новини во 2025 година, кои за првпат се воведуваат во болницата:

    • имунолошки апарат за анализа на тумор-маркери, хормони, Д-димери, срцеви маркери (тропонин) и алерголошки панели;

    • гасен анализатор за брза процена на итни и тешки пациенти;

    • нов анестезиолошки апарат со капнограф и ново LED операционо светло, а во тек е набавка на видеоларингоскоп и автоклав;

    • нов гастроскоп за подобра дијагностика;

    • 4 специјализанти и 4 доктори по општа медицина трајно вработени, а за уште 5 специјализанти постапката е во завршна фаза.

    „Опрема без кадар не значи ништо, а кадар без опрема не може да работи. Во Кичево ги градиме двете истовремено — за пациентот да добие дијагноза и лекување тука, во својот град, без да патува до Скопје“, истакна Клековски.

    Директорката на болницата, Цветаноска Трајковска ја истакна важноста на новата опрема – во радиологијата болницата доби нов дигитален рендгенски апарат, нов дигитален мамограф и ехо-апарат 3D/4D со еластографија, донација од Општина Кичево. 

    Во РТГ кабинетот во 2025 година се реализирани околу 19.500 прегледи: рендгенски, компјутеризирана томографија, мамографии и ехо-прегледи на дојка.

    „Имунолошкиот апарат ,,Siemens ImmuLite 2000 System” ни овозможува анализи кои претходно не можевме да ги правиме во установата, а биохемиската лабораторија годишно опслужува 28.000–30.000 пациенти. Гасниот анализатор EDAN е од особено значење за брза проценка на метаболичкиот и респираторниот статус, особено кај итни и тешки пациенти. Анестезиолошкиот апарат ,,Dräger Fabius plus XL” со капнограф овозможува подетално следење на пациентот за време на интервенцијата, а во оперативниот блок годинава се извршени над 200 хируршки интервенции. Новиот гастроскоп ја подобрува дијагностичката проценка, а со него се направени околу 100 прегледи“, потенцираше директорката.

    Градоначалникот на општина Кичево, Александар Јовановски истакна дека кичевчани заслужуваат нова болница и Општината ќе продолжи да дава поддршка за нејзина реализација. 

    -Веќе покажавме дека даваме поддршка за болницата, со најновата донација на ехо-апарат 3D/4D со еластографија, кој денес им служи на пациентите во Кичево. Сè што е во наша можност, ќе го направиме за граѓаните да добиваат квалитетна здравствена заштита во својот град“, истакна градоначалникот Јовановски, потенцирајќи ја одличната соработка со Министерството за здравство.

    Прочитај повеќе

    „Ме нападна мене, а кога пријателот сакаше да ме заштити го натепа и него“: Загрижена кочанчанка го пријавила партнерот во полиција

    02.10.2026 во 16:57

    Скопје: Го натепал сопствениот татко па кршел прозорци

    02.10.2026 во 16:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.