Close Menu
Press24
    Најново

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Внимавајте кога вадите пари од банкомат: Чекал позади него и го ограбил

    30.09.2026 во 09:13

    Петров: Платформата 12:05 има вербална поддршка од 90% од пратениците на СДСМ

    29.09.2026 во 23:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски од Брисел: Инвестираме во Коридорите 8 и 10, се градат брза пруга, автопати и нови прекугранични врски
    • Кривична пријава за 52-годишен дебарчанец, осомничен дека со алат исекол и одзел метални огради од „Врмички мост“
    • Приведени три лица во Охрид: Се расправале на булевар и агресивно се однесувале кон полицајци
    • (ФОТО) Д-р Дарко Василевски започна протест со штрајк со глад пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје
    • Страшна несреќа во Свети Николе: Пијан возач со автомобил удрил во петгодишно дете кое управувало велосипед
    • Тешко повредена охриѓанка – била претепана пред деловен објект
    • Кузеска: Граѓаните тонат во сиромаштија
    • ДЗР со сериозни наоди: Системот „Мој Термин“ со години без договори за одржување, авторските права завршиле кај приватна компанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски од Брисел: Инвестираме во Коридорите 8 и 10, се градат брза пруга, автопати и нови прекугранични врски

    Николоски од Брисел: Инвестираме во Коридорите 8 и 10, се градат брза пруга, автопати и нови прекугранични врски

    01.10.2026 во 11:184 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Како земја на Балканот која нема излез на море, реализираме огромни инвестиции во развој и модернизација на двата европски коридори  8 и 10 што поминуваат низ Македонија.  Работиме на изградба на автопати на Коридор 8, исто така градиме железница на источниот дел на овој коридор. Паралелно започнавме со изградба на брза пруга на Коридорот 10, а работиме и на воведување на ИТС системи на патниот дел. Заедно со соседите работиме и на проширување на граничните премини, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на  глобалниот настан “Денови на поврзување на Европа”  што се оддржува во Брисел.

    На панелот посватен на Западен Балкан – Источен Медитеран, заменик претседателот на Владата, Николоски, го потенцира политичкото и економско значење на коридорите и инвестициите што се реализираат во Македонија.  

     “ На Коридорот 8 на источното крило, инвестираме во автопати и железницата. На автопатскиот дел го завршивме првиот дел, а вториот дел очекуваме да започне следната година заедно со Европската Унија и Европската инвестициска банка како водечка финансиска институција, за што благодарам за одличната соработка. Што се однесува до железницата, има три делници: ја завршивме првата делница, втората е во изградба и треба да ја завршиме до крајот на 2028 година. Минатата недела, повторно заедно со ЕИБ, ја започнавме постапката за набавка за избор на изведувач за изградба на третата делница- најтешката фаза од железничкиот коридор. Таа е со должина од само 23,1 километар, но 75% од неа се објекти — над 20 тунели и 56 мостови, што покажува колку е тежок проектот. Таа минува зад еден пограничен град и влегува во заедничкиот тунел што ќе го градиме заедно со Бугарија. Ова е една од ретките позитивни вести што ги имаме во моментов со Бугарија — минатиот ноември потпишавме заеднички меѓувладин договор за изградба на овој прекуграничен тунел кој треба да го отвори целиот Коридор 8. Доколку сè оди по планот, за 5 години од изборот на изведувач до 2031-2032 година треба да имаме целосна железничка врска меѓу Скопје, Софија, Бургас, Варна и Одеса.  

    На западната страна работиме со ЕУ и партнерите за реконструкција на постојната железница и изградба на делот што нè поврзува со Албанија. Албанија исто така прави одлична работа и инвестира многу и во автопати и во железницата. Со тимска работа, со истата цел можеме да ја постигнеме до 2031-2032 година за целосна автопатска и железничка врска со Албанија, што значи дека наскоро ќе можеме да патуваме со автомобил или воз од пристаништето Драч до Бургас и Варна преку Скопје”- истакна Николоски.   

    Тој пред присутните потенцира дека на железничкиот коридор 10 се работи на проектот за изградба на двоколосечна брза пруга за патнички возови од 160 до 200 км на час и за карго возови до 120 км на час. Додаде дека  се работи и на проширување на граничните премини и воведување на Интелегентни транспортни системи. 

    “ Целосно ја менуваме сликата и на граничните премини со воведување зелени ленти и проширување на прекуграничните врски и со Албанија и со Бугарија. На Коридорот 10 работиме на првиот целосно дигитален автопат со воведување Интелигентен транспортен систем (ИТС) во соработка со ВБИФ. Пред три недели заедно со колегите од Косово започнавме нова автопатска врска -дел од Коридорот 6 од Скопје преку Приштина кон Драч и пристаништето Бар во Црна Гора, која очекувам да биде изградена за три години. Денес директорите на железничките компании од двете земји се состануваат во Приштина за заедничка железничка врска, а следната година би можеле да имаме меѓуградски воз Приштина-Скопје кој ќе патува 50 минути”- додаде Николоски.

    Истакна дека набавени се нови 150 електрични автобуси, а во тек е постапка за набавка и за 5 електрични локомотиви и 5 до 7 патнички возови. Го најави започнувањето на изградба на новиот автопат Букојчани -Кичево што ќе се започне за десетина дена. 

    Прочитај повеќе

    Кузеска: Граѓаните тонат во сиромаштија

    01.10.2026 во 10:52

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче освен за марихуана економија, тој е и за прво Бугари во Устав, па сè останато

    01.10.2026 во 09:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.