Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го нарече повлекувањето на последните американски коалициски трупи од Ирак „победа за САД“.
„Денеска е победа за САД, победа за Ирак и решителна победа над Исламската држава“, напиша Трамп на Truth Social.
„Можев да изберам да останам или да си одам, и верувам, без сомнение, дека дојде време САД да се вратат дома!“, додаде американскиот претседател.
Последните американски трупи ја напуштија воздухопловната база во северен Ирак според договорот меѓу Багдад и Вашингтон. Трамп го нарече процесот на повлекување, чиј рок истече денеска, „организиран“.
„Помина долго време, со многу лоши одлуки што нè доведоа во оваа каша, но наскоро тоа ќе биде дел од историјата“, наведе американскиот претседател.
Повлекувањето од Ирак беше договорено пред две години.

