Close Menu
Press24
    Најново

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Внимавајте кога вадите пари од банкомат: Чекал позади него и го ограбил

    30.09.2026 во 09:13

    Орце го светна Камени Мост

    28.09.2026 во 09:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија
    • Манасиевски до Кузеска: Вие сте предавници, ние имаме јасен став, измена на Устав под бугарски диктат не може 
    • Лефков: Македонија предничи во реформите коишто се однесуваат на усогласување со европската регулатива
    • МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
    • Министерот Серафимовски во Белград: Посилни пазари, климатска отпорност и иднина за младите во руралните средини
    • Училиштата во Чаир дел од големата акција за чисто Скопје
    • Сали ги пречека студентите на Колеџот на Европа на разговор за европската интеграција
    • Петрова: Предизвик е да создадеме систем во УЈП што знае што да прави со податоците од ВИ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија

    ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија

    30.09.2026 во 20:182 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во однос на поканата на Каракачанов до лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за присуство на пренесување на моштите, би посочиле дека посоодветно е поканата да ја испрати до неговите истомисленици Зоран Заев и Венко Филипче, велат од владејачката партија.

    -Впрочем да не заборавиме дека Заев беше тој кој велеше дека Бугарите биле ослободители а не фашисти, дека биле администратори, дека македонскиот јазик е после 44та итн. А Венко Филипче и денес има идентичен став со бугарската политика, прво Бугари во Устав, а после се друго.   Тоа се мотивите на една срамна и предавничка политика, јавно етаблирана во Преспанскиот договор и Бугарскиот договор за добрососедство кои се една иста страна од паричката, се наведува во соопштението.

    Во однос на удирањето во гради со пренесување на моштите на Цар Самоил во Бугарија, од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека англискиот крал Ричард I е во Франција, иако тоа не го прави Французин.

    -Притоа ќе потсетиме и на мудриот потег на Бугарија во минатото кога моштите на Гоце Делчев ги предаваат на Македонија. Добро е да објасни тогаш што е Гоце Делчев за нив и бугарските гласноговорници? За нас, за разлика од Заев, Филипче или Каракачанов вистината е едноставна, а тоа е дека е еден од најсветлите ликови во македонската историја. За жал, таа мудрост ја нема официјална Софија, но истовремено ја поздравуваме возбудата со која Бугарија го почитува делото на Цар Самоил кој има неизбришива трага за Македонија, порачуваат од владејачката партија

    Прочитај повеќе

    Манасиевски до Кузеска: Вие сте предавници, ние имаме јасен став, измена на Устав под бугарски диктат не може 

    30.09.2026 во 20:03

    Лефков: Македонија предничи во реформите коишто се однесуваат на усогласување со европската регулатива

    30.09.2026 во 19:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.