Close Menu
Press24
    Најново

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Орце го светна Камени Мост

    28.09.2026 во 09:24

    Мицкоски за рудникот во Крива Паланка: „Појдете и прашајте ги луѓето“

    29.09.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хоџа: Потребни се зацврстени инспекциски органи и регионална соработка
    • Соседот го тепаш мојот малолетен син, ми се закани ии мене – загрижена скопјанка се јавила во болница
    • Од утре започнува зимското работно време на зонското паркирање во Скопје
    • Голема еколошка акција во Гази Баба: Администрацијата, јавното претпријатие и учениците чистеа јавни површини низ општината
    • Јаневска: Ниту еден студент кој ги исполнува условите нема да остане без соба
    • Шасивари најави средба со Филипче за враќање на СДСМ во изборните реформи
    • (ФОТО) Акции на Царината: 12 мигранти сокриени во камиони на терминалите во Тетово и Скопје
    • Милошоски на Регионалната конференција во Скопје: Навременото препознавање на ризиците и транспарентноста се клучни во борбата против корупцијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хоџа: Потребни се зацврстени инспекциски органи и регионална соработка

    Хоџа: Потребни се зацврстени инспекциски органи и регионална соработка

    30.09.2026 во 14:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска учествуваше на Националниот семинар за безбедност на животната средина, кој се одржа во Скопје, во рамки на ЕУ твининг проектот за зајакнување на капацитетите за спроведување на законодавството за животна средина.

    Во своето обраќање, Хоџа истакна дека климатските промени, загадувањето, деградацијата на природата, отпадот, недостигот на ресурси и прекуграничните ризици сè повеќе се дел од глобалната безбедносна агенда.,,Ниту една земја не може сама да одговори на овие предизвици. Нашиот пристап мора да биде јасен: превенција наместо реакција, соработка наместо изолираност и институционална одговорност”, порача Хоџа.

    Тој нагласи дека еколошката безбедност, владеењето на правото и борбата против криминалот се неразделно поврзани и посебно ја истакна улогата на инспекциските и другите надлежни органи во спречувањето незаконски активности кои можат да ја загрозат животната средина, здравјето и природните ресурси.

    Во тој контекст, Хоџа порача дека државата останува посветена на јакнењето на институционалните капацитети и продлабочувањето на регионалната и меѓународната соработка за безбедна животна средина за сегашните и идните генерации. Според министерот, меѓународната соработка е оперативна потреба, особено во справувањето со прекуграничниот еколошки криминал, а особено важна е и соработката преку мрежи како Мрежата на ЕУ за спроведување и примена на законодавството за животна средина (IMPEL).

    На семинарот се дискутираше за идните еколошки предизвици, вклучително и итните состојби, јавното здравје и климатските промени.

    Во дискусиите учествуваа експерти и претставници од Северна Македонија, Грција и Шпанија.

    Прочитај повеќе

    Шасивари најави средба со Филипче за враќање на СДСМ во изборните реформи

    30.09.2026 во 13:37

    Мицкоски во пресрет на средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение

    30.09.2026 во 12:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.