Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Делегацијата во Њујорк е многу помала од оние на Заев и Ковачевски
    • Нова концепција за надарените ученици: Отворена јавна расправа до 10 октомври
    • Стрелките на часовникот одат наназад – Наскоро зимско сметање на времето
    • Украле хеликоптер од хангарот и избегале во ноќта: Последен пат виден во Хрватска, се бара од полицијата во три земји
    • Фон дер Лајен в петок во Скопје: На маса европската перспектива и спорот со Бугарија
    • Млад Македонец избоден со нож во Германија
    • ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: „Не може да го потценувате народот”
    • Нема повеќе протекување: Обновено платото над спортската сала во „Гоце Делчев“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Делегацијата во Њујорк е многу помала од оние на Заев и Ковачевски

    Мицкоски: Делегацијата во Њујорк е многу помала од оние на Заев и Ковачевски

    29.09.2026 во 10:001 Min Read
    Влада
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ за бројноста на владината делегација во Њујорк, оценувајќи дека токму за време на владите на СДСМ и ДУИ делегациите биле многубројни.

    Во интервју за емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, Мицкоски рече дека за време на владите на Зоран Заев и Димитар Ковачевски во Њујорк оделе по околу 50 лица, но, како што оцени, без резултати.

    „Кога од СДС ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-тина луѓе, но без резултати“, рече Мицкоски.

    Тој додаде дека актуелната делегација е значително помала од таа бројка и дека присуството на повеќе претставници било поврзано со различните активности во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации и паралелните економски настани.

    Мицкоски посочи дека на дел од настаните учествувале министерот за спорт и млади Борко Сали и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, додека на економските настани присуствувала и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

    „Тоа е сериозен настан, еден таков во годината што се одржува, и се разбира дека е потребна логистика и има повеќе настани на коишто повеќе луѓе треба да бидат присутни“, рече премиерот.

    Just In Top News Влада Мицкоски
    Прочитај повеќе

    Нова концепција за надарените ученици: Отворена јавна расправа до 10 октомври

    29.09.2026 во 09:50

    Стрелките на часовникот одат наназад – Наскоро зимско сметање на времето

    29.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.