УХМР ги измери температурите утринава во градовите низ Македонија. Според мерењата, утрово во осум часот најстудено е во Берово со измерени 4 степени, по што следи Попова Шапка со 6 степени.
Во осум часот утринава УХМР измери 14 степени во Виници, со што е најтоплото место во Македонија.
Во Скопје во осум часот се измерени 10 степени.
Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат синоптичарите. Во југоисточните делови од земјата ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе се движи од 1 до 11 степени, додека максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје се очекува слично време, со утринска температура до 8 степени и дневна до 25 степени.
До крајот на седмицата времето ќе остане променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури постепено ќе се намалуваат, додека дневните ќе се движат во рамките на просекот за овој период од годината.

