Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопје домаќин на четиридневниот форум „Европски дијалози“
    • Исклучување во 9 часот – Улици во Скопје остануваат без вода
    • Ќе нема струја неколку часа – исклучување во повеќе делови на Скопје
    • Почнува третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните – Мицкоски на промоцијата
    • Од 1 октомври аплицирање за продолжување на студентските стипендии
    • Целосниот поврат на данокот за мајките пред пратениците
    • Студени утра, потопли денови: УХМР со прогноза за целата недела
    • Заменик-директорот на ФБИ поднесе оставка 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скопје домаќин на четиридневниот форум „Европски дијалози“

    Скопје домаќин на четиридневниот форум „Европски дијалози“

    29.09.2026 во 08:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со изложбата „Солидарноста како иднина“ вечерва во Музејот на современата уметност во Скопје ќе започне четиридневниот меѓународен форум „Европски дијалози“, посветен на европското наследство, граѓанското општество и иднината на Европската Унија.

    Форумот го организираат Францускиот институт во Париз, Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Северна Македонија.

    Изложбата „Солидарноста како иднина“ го претставува примерот на меѓународна културна солидарност со Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година. По земјотресот, бројни уметници од Франција и од други европски земји донирале дела, со што придонеле за формирањето на колекцијата на Музејот на современата уметност.

    На изложбата ќе бидат претставени дела од познати француски, македонски и европски автори, меѓу кои Пјер Сулаж, Виктор Вазарели и Никола Мартиноски, како и други уметници чии дела се дел од музејската колекција.

    Во рамки на „Европските дијалози“, од 29 септември до 2 октомври ќе се одржат јавни дебати, предавања, работилници, разговори и културни настани. На нив ќе учествуваат истражувачи, новинари, активисти, уметници, студенти, дипломати и претставници на институции од Северна Македонија, Франција и други европски земји.

    Годинашното издание е завршен настан од програмата „Споделени хоризонти“, а фокусот ќе биде ставен на заедничкото европско наследство, колективната меморија, граѓанските иницијативи и предизвиците со кои се соочува Европската Унија.

    Манифестацијата ќе заврши на 2 октомври во „Лабораториум“, со заеднички музички настап на францускиот диџеј Милс и скопскиот диџеј Дарко.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Исклучување во 9 часот – Улици во Скопје остануваат без вода

    29.09.2026 во 08:06

    Ќе нема струја неколку часа – исклучување во повеќе делови на Скопје

    29.09.2026 во 08:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.