Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Радичевски: Сплотени и обединети со конкретни проекти да продолжиме да ја градиме и развиваме Брвеница
    • Муцунски: Во моментов нема услови за уставни измени
    • Тошковски: Борбата против дрогата не завршува со заплена, мора да се следат и финансиските текови
    • Меџити: Бошњаците се важен дел од Чаир – среќен празник
    • Милошоски на средба со Ворд: Принципиелна поддршка од Ирска за евроинтеграциите на Македонија
    • Муцунски на „Тема на денот“ на Сител: Стратешкото партнерство со САД носи конкретни политички и економски резултати
    • Од Скопје до Оземпик: Научната приказна за истражувачката Светлана Мојсов
    • Три знаци кои се со жесток карактер и бурни реакции
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Радичевски: Сплотени и обединети со конкретни проекти да продолжиме да ја градиме и развиваме Брвеница

    Радичевски: Сплотени и обединети со конкретни проекти да продолжиме да ја градиме и развиваме Брвеница

    28.09.2026 во 21:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На вечерашниот митинг во општина Брвеница, во рамките на претстојните вонредни локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја сочуваме силата на единството!“ се обрати кандидатот за градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, кој истакна дека ја очекува поддршката од граѓаните за реализација на проекти и инвестиции и континуиран развој на Брвеница.

    „Почитувани сограѓани, ова е избор помеѓу продолжување на работата и враќање наназад, помеѓу транспарентност и неизвесност. Затоа ве повикувам на единство, да ги завршиме проектите за подобри улици, подобри училишта, подобри услови за секое семејство во нашата општина. Ветувам дека ќе продолжиме да работиме посветено, транспарентно и чесно, за поубава општина Брвеница која се развива, со подобри услови за сите нејзини жители, без разлика на возраст, потекло или политичко уверување“, рече Радичевски.

    Кандидатот за градоначалник, Радически нагласи дека програмата за која ја бара поддршката од граѓаните не е листа на ветувања, туку продолжување со конкретни проекти, со рокови и извори на средства, кои ќе се реализираат во интерес на граѓаните.

    „Во делот на инфраструктурата, ветувам дека ќе продолжиме со изградба, реконструкција и рехабилитација на локалните патишта во Челопек, Теново, Стенче, Волковија и Блаце, како и со доизградба на канализациските мрежи во Седларце, Брвеница, Челопек, Блаце и Милетино. Планираме доградба и реконструкција на општинската зграда, изградба на систем за водоснабдување во Челопек и развој на инфраструктура во индустриската зона „Брвеница”, за да привлечеме нови инвестиции и нови работни места за нашите сограѓани. За младите и економијата, отвораме локален иновациски фонд „Млади со идеи”, бизнис-инкубатор „Мој бизнис, моја општина”, центар за знаење и практични вештини, и програми за поддршка на женското претприемништво и руралниот развој преку „Село со бизнис”. Не заборавам ниту на најмладите и најстарите. Градиме нова детска градинка во Челопек, ја доградуваме градинката во Брвеница, отвораме дом за стари лица со капацитет до педесет корисници, и ќе инвестираме во енергетска ефикасност и пристапност на училиштата за децата со посебни потреби. Во дигиталната ера, воспоставуваме бесплатен интернет на јавни места, платформа за е-услуги, систем на отворени податоци и платформа „Ти си дел од процесот” за директно граѓанско учество во одлуките“, посочи Радичевски.

    Прочитај повеќе

    Муцунски: Во моментов нема услови за уставни измени

    28.09.2026 во 21:18

    Гаши во Саудиска Арабија: Има значителни можности за продлабочување на соработката

    28.09.2026 во 18:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.