Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петмина осомничени на распит поради терористички заговор во близина на американска база во Британија
    • Усмртил диво животно за време на забрана за лов, кривична за маж од Неготино
    • Голема новост за родителите во Инџиково: Наскоро се отвора новата градинка „Лавче“
    • Гаши во Саудиска Арабија: Има значителни можности за продлабочување на соработката
    • Голема трагедија: Камионџија загина во тешка несреќа на патот Струмица – Радовиш
    • Велковски: Сакаме да говориме за сите политики што се однесуваат за младите
    • Ферати ги обединува институциите, клубовите и навивачите за поголема безбедност во спортот
    • СДСМ: Мицкоски намерно не изолира
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петмина осомничени на распит поради терористички заговор во близина на американска база во Британија

    Петмина осомничени на распит поради терористички заговор во близина на американска база во Британија

    28.09.2026 во 19:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Британската полиција денеска изврши распит на петмина мажи осомничени за кривични дела поврзани со експлозиви и тероризам, откако беа уапсени во близина на базата на Кралските воздухопловни сили „Ферфорд“ во западна Англија, која ја користат САД за напади врз Иран.

    Властите вчера уапсија тројца од осомничените по дојава дека три големи бели комбиња се упатуваат кон воениот аеродром. Познато е дека во март британската влада им дозволи на САД да користат американски бомбардери стационирани во „Ферфорд“ за напади врз ирански ракетни постројки, од кои беа напаѓани бродови во Ормуска Теснина.

    Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека осомничените имале намера да предизвикаат „голема штета“ и потврди дека за случајот спроведуваат истрага британските и американските власти. Во меѓувреме, локална земјоделка пријавила во полиција дека видела група „мажи со качулки и маски“ како трчаат кон нивите.

    Британските антитерористички служби сè уште јавно не соопштиле кој е вмешан, но извор запознаен со истрагата изјави дека како најверојатен се разгледува мотив поврзан со Иран. Се истражуваат и други можности, вклучително и руска саботажна операција или исламистички заговор.

    Во јули, Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРЦГ) ја предупреди Велика Британија да не дозволува американски бомбардери да полетуваат од „Ферфорд“, наведувајќи дека секоја база што се користи за напади ќе биде легитимна цел. Иран, пак, повеќепати демантираше вмешаност во напади или заговори на британска и меѓународна почва.

    Министерот за одбрана Вес Стритинг за Би-би-си изјави дека нема да шпекулира за мотивите додека трае истрагата, но во врска со пошироката закана додаде: „Знаеме дека Иран и неговите поддржувачи сакаат да ни наштетат. Знаеме дека ја мразат нашата демократија и знаеме дека редовно треба да ги осуетуваме нивните обиди да ги загрозат нашите интереси или интересите на нашите сојузници“.

    Велика Британија уште во мај воведе санкции за 12 лица и компании поврзани со Иран поради непријателски активности и дестабилизација.

    Околу базата „Ферфорд“ полицијата постави кордон во должина од 400 метри и евакуираше жители од 85 домови. Вчера во близина на трите бели комбиња беше забележан и робот за деактивирање експлозивни направи, а безбедносните мерки околу базата и други американски објекти во земјата се засилени со вооружени полицајци и тешка механизација.

    Даунинг стрит соопшти дека премиерот Енди Барнам редовно добива информации за истрагата, поради што го откажа учеството на најмалку два настана од годишната конференција на неговата Лабуристичка партија.

    Прочитај повеќе

    Драма во регионот: Направил сообраќајка па избегал, полицијата го пронајде со палка во раце

    28.09.2026 во 17:07

    Ужас во соседството: 46-годишник силувал 12-годишно девојче

    28.09.2026 во 16:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.