Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27

    Владата не спаси: Дизелот ќе отидеше над 110 денари за литар

    28.09.2026 во 11:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре повеќе скопски населби ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот
    • Петрушевски: Филипче доживува дебакл
    • Сиљановска-Давкова во Салцбург: Проширувањето кон Западен Балкан е тест за геополитичкиот капацитет на ЕУ
    • Семеен хаос во Скопје: Се степале двајца браќа и нивната мајка
    • Хорор за прваче во Кочани: Го соблекле гол, го тепале и го снимале
    • Избувна пожар во куќа во Берово – сопственикот се задушил
    • Повеќе од 50.000 жени годишно се убиени од нивните партнери
    • Повеќе полиција на улица за помалку врсничко насилство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЕУ се подготвува за пристапување на 4 земји – Македонија се уште чека

    ЕУ се подготвува за пристапување на 4 земји – Македонија се уште чека

    28.09.2026 во 11:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската унија подготвува конкретни патокази за пристапување за четири земји кандидатки – Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија. Според „Политико“, документите треба попрецизно да утврдат што се очекува од кандидатите, но и кои обврски ги имаат земјите членки во следните фази од процесот.

    Во патоказите се очекуваат и ориентативни рокови за затворање на преговарачките поглавја и кластери. Четирите држави во моментов се сметаат за најнапредни во пристапниот процес. ЕУ веќе во јули одржа пристапни конференции со сите четири – Украина и Молдавија отворија нов кластер, додека Црна Гора и Албанија затворија дел од преговарачките поглавја.

    Македонија, заедно со Косово и Босна и Херцеговина, засега нема да добие ваков патоказ бидејќи, според извори од Европската комисија цитирани од „Политико“, се наоѓа во порана фаза од процесот. Србија, Грузија и Турција исто така не се опфатени, но поради застој во нивните кандидатури и загриженост за демократските и судските стандарди.

    Македонија и натаму има статус на земја кандидат за членство, а брзината на пристапниот процес зависи од исполнувањето на реформите и од согласноста на сите земји членки за следните чекори.

    Во меѓувреме, Брисел разгледува и модел на постепено вклучување на кандидатите во европските политики и проекти, со економски придобивки уште пред полноправното членство.

    Неделава претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен треба да ги посети Црна Гора, Албанија, Македонија и Косово.

    Прочитај повеќе

    Утре повеќе скопски населби ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот

    28.09.2026 во 13:59

    Петрушевски: Филипче доживува дебакл

    28.09.2026 во 13:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.