Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Во тек е голема пљачка на Македонија

    СДСМ: Во тек е голема пљачка на Македонија

    28.09.2026 во 10:39Updated:28.09.2026 во 10:411 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ денеска обвини дека Владата подготвува отворање на повеќе нови рудници и дека, како што тврдат од партијата, природните ресурси на државата се ставаат во функција на туѓи бизнис интереси.

    На прес-конференција, портпаролката Богданка Кузеска посочи дека станува збор за пет рударски проекти – Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица и Луке, како и за планирани геолошки истражувања на Кожув.

    Од СДСМ дополнително реагираат и на најавите за можен рудник за антимон. Кузеска тврди дека јавноста нема доволно информации за локацијата, резервите, инвеститорите и можните последици врз животната средина и локалното население.

    Опозициската партија ги поврзува овие проекти и со најавените инвестиции во дата-центри, оценувајќи дека Владата носи одлуки без доволна транспарентност.

    Кузеска упати и критики за економската политика на Владата и состојбата во ЕСМ, обвинувајќи дека приоритет им се дава на приватни бизнис интереси наместо на јавниот интерес.

    Од СДСМ најавија дека ќе се спротивстават на плановите за отворање на рудници и дека заедно со граѓаните ќе бараат тие проекти да бидат стопирани.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.