Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27

    Се ближат продолжени викенди – Ова се неработните денови до крај на 2026

    25.09.2026 во 09:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Рација: Уапсени десетина лица во Скопје и Велес
    • Некој ја „меша“ цената на ајварот во Македонија
    • Македонците највеќе го користат ChatGPT за празен муабет
    • Скопјанка пронајдена мртва во автомобил на автопатот Гевгелија – Велес
    • Владата не спаси: Дизелот ќе отидеше над 110 денари за литар
    • Нова жртва: Почина уште еден пациент на Инфективна од вирусот Западен Нил
    • Flying Tiger Copenhagen го продолжува регионалното проширување: целта е присуство на шест пазари до крајот на 2027 година
    • Проблеми со ботоксот ја наполнија болницата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Мајката“ на Оземпик е Македонка и денеска ќе предава во МАНУ

    „Мајката“ на Оземпик е Македонка и денеска ќе предава во МАНУ

    28.09.2026 во 10:021 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Една од научничките чии откритија го отворија патот до лекови како Оземпик и Вегови, Светлана Мојсов, денеска ќе одржи предавање во Македонската академија на науките и уметностите.

    Светски реномираната биохемичарка ќе говори на тема „GLP-1: Хемијата е од суштинско значење – од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина“.

    Мојсов има клучен придонес во откривањето на биолошки активната форма на хормонот GLP-1 и во докажувањето дека тој го стимулира лачењето инсулин. Токму врз овие истражувања подоцна е развиена цела класа лекови за дијабетес и дебелина, меѓу кои и семаглутидот, активната состојка во Оземпик и Вегови. За придонесот во откривањето и развојот на GLP-1 терапиите, Мојсов заедно со Џоел Хабенер и Лоте Бјере Кнудсен ја доби престижната награда Ласкер во 2024 година.

    Во саботата, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја одликуваше Мојсов со Орден „8 Септември“ за нејзиниот фундаментален придонес во светската наука и афирмацијата на Македонија.

    Светлана Мојсов е родена во Скопје во 1947 година. Докторирала на Универзитетот Рокфелер во Њујорк, а научната кариера ја продолжила во Општата болница во Масачусетс и повторно на Рокфелеровиот универзитет.

    Нејзината работа денес се смета за една од основите на современите терапии за дијабетес и дебелина, кои ги користат милиони пациенти ширум светот.

    Прочитај повеќе

    Рација: Уапсени десетина лица во Скопје и Велес

    28.09.2026 во 11:42

    Некој ја „меша“ цената на ајварот во Македонија

    28.09.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.