Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27

    Се ближат продолжени викенди – Ова се неработните денови до крај на 2026

    25.09.2026 во 09:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопјанка пронајдена мртва во автомобил на автопатот Гевгелија – Велес
    • Владата не спаси: Дизелот ќе отидеше над 110 денари за литар
    • Нова жртва: Почина уште еден пациент на Инфективна од вирусот Западен Нил
    • Flying Tiger Copenhagen го продолжува регионалното проширување: целта е присуство на шест пазари до крајот на 2027 година
    • Проблеми со ботоксот ја наполнија болницата
    • Се воведува дигитална „слободна“ за во автобус
    • СДСМ: Во тек е голема пљачка на Македонија
    • Каков роденден: Брнабиќ доби букет и Претседателскиот печат од Вучиќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Истече мерката на Владата за поевтин дизел – ако не ја продолжат поскапувањето ќе биде големо

    Истече мерката на Владата за поевтин дизел – ако не ја продолжат поскапувањето ќе биде големо

    28.09.2026 во 09:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мерката со која ДДВ за дизел-горивото беше намалено од 18 на 10 проценти истекува денеска. Намалената даночна стапка почна да се применува на 15 септември, како мерка за ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните. Владата треба да одлучи дали повластеното ДДВ за дизелот ќе продолжи да важи и во наредните две недели.

    Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди максималните цени на горивата што ќе важат во следните седум дена.

    Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на дизелот се зголеми на 104,5 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-95 е 99 денари, а Еуросупер БС-98 се продава по цена од 101 денар за литар.

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, минатата недела рече дека ако ескалира ситуацијата со цената на горивата, Владата ќе ги преземе сите мерки за да го ублажи ризикот кон граѓаните, додавајќи дека ситуацијата внимателно се следи.

    -Тоа што се случува е на светско ниво. Како што следиме сите, секаде се цените покачени. Значи, тоа е виша сила, војна врз која ние не можеме да влијаеме. Минатата недела имавме онлајн вонредна седница на Влада и откако почна сè, уште од март, направивме и акциза и намалување на ДДВ и со ОКТА договоривме попуст. Го намаливме ДДВ-то на 10 проценти. Дискутираме, гледаме и ќе се консултираме на ниво на Влада. Ние секако сме за заштита на стандардот на граѓаните, меѓутоа ќе мора да разгледаме кои се и фискалните импликации – рече таа минатиот понеделник.

    Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески минатата недела рече дека со намалувањето на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти граѓаните заштедувале до 350 илјади евра дневно. Тој нагласи дека Владата има капацитет да се справи со последиците од кризата и оти мерките се носат по детални анализи и координација меѓу повеќе институции.

    Прочитај повеќе

    Скопјанка пронајдена мртва во автомобил на автопатот Гевгелија – Велес

    28.09.2026 во 11:23

    Нова жртва: Почина уште еден пациент на Инфективна од вирусот Западен Нил

    28.09.2026 во 11:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.