Close Menu
Press24
    Најново

    Се ближат продолжени викенди – Ова се неработните денови до крај на 2026

    25.09.2026 во 09:51

    Не заборавајте да ги вратите стрелките на часовникот еден час назад

    26.09.2026 во 10:55

    Во понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    26.09.2026 во 12:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Настапот на поранешните функционери и Левица е план напишан во Белата палата за дефокус од криминалите на власта
    • Полициска интервенција во Неготино: Уапсен маж по пријава за физички напад врз сопругата
    • Филипче: Мала група поранешни функционери во соработка со други партии дејствува за ослабување на СДСМ
    • Апсење на скопскиот аеродром
    • Струшката полиција откри измама: Велешани измамиле 88-годишник за 300.000 денари
    • Скопје: Ограбена канцеларија на технички преглед, оштетени банка и полициска канцеларија
    • Скопје: Ја нападнал сопругата дома, таа отишла во полиција, по неа отишол и сопругот па направил хаос
    • Скопјанец однесен во болница – повреден при извршување работни задачи во ЈКП „Водовод – Илинден“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Настапот на поранешните функционери и Левица е план напишан во Белата палата за дефокус од криминалите на власта

    Филипче: Настапот на поранешните функционери и Левица е план напишан во Белата палата за дефокус од криминалите на власта

    27.09.2026 во 14:103 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека настапот на групата поранешни функционери пучисти со претставници на Левица и други партии, сателити на Мицкоски е вморвска шема – план пишуван во белата палата на Мицкоски.

    Филипче потенцираше дека ова е обид за дефокусирање на јавноста, токму во моментот кога СДСМ ги отвора најголемите скандали за криминалната власт на Мицкоски, во време кога рејтигнот на ВМРО паѓа а на СДСМ расте.

    „Година дена наназад работат против партијата, роварат, зборуваат со луѓе, шират невистини, клевети, лаги. Се поставува прашањето зошто сега, во овој момент така силно излегоа во јавноста?“, рече Филипче.

    Ова дејствување се случува во период кога рејтингот на ВМРО се намалува, а поддршката за СДСМ постепено расте. Целта е да се одземе вниманието од прашањата што директно ги засегаат граѓаните и од одговорноста на власта за нејзините политики.

    „Зошто сега излегуваат и ја дефокусираат јавноста од сите битни теми?“, праша Филипче.

    Како конкретни примери ги посочи плановите за дата-центри и за отворање нови рудници, предупредувајќи на можните последици врз водата, земјоделството и животната средина.

    „Зошто не зборуваат за дата центрите, за намерата на Христијан Мицкоски и на неговата банда да ја земат водата од земјоделците? Зошто не зборуваат за петте нови рудници коишто прв пат се впишуваат во просторниот план?“, истакна тој.


    Филипче ја обвини власта и за зголемување на буџетската дупка на една милијарда евра и за намера да ја задолжи државата со четири милијарди евра нов долг за нецели две и пол години.

    Јавноста треба да биде насочена кон овие прашања, како и кон состојбата во земјоделството, платите и пензиите.

    Тој потсети дека СДСМ има предлог-закон за зголемување на минималната плата и бара соодветно зголемување на пензиите, посочувајќи дека растечките трошоци за живот сè потешко се покриваат со сегашните примања.


    „Ни три минимални плати сега не се доволни да се покријат трошоците од потрошувачката кошничка“, рече Филипче.

    Во контекст на темите од кои се одвлекува вниманието, тој ја посочи и дипломатската позиција на државата, критикувајќи ја посетата на премиерот и средбите што ги опиша како „ходник дипломатија“.

    „Ете затоа излегуваат сега и затоа ги праќа Христијан Мицкоски да нè дефокусираат, за да ни го одземат вниманието. Ама нема да успеат“, порача Филипче.

    Претседателот на СДСМ нагласи дека партијата ќе продолжи да ги отвора прашањата за работата на власта и да предлага политики во интерес на граѓаните.

    „Ќе стоиме и ќе се бориме и за граѓаните, и за државата, и за СДСМ“, заклучи Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Мала група поранешни функционери во соработка со други партии дејствува за ослабување на СДСМ

    27.09.2026 во 13:46

    Јорданов: Нова спортска сала „Џексон“, катна гаража и инфраструктурни проекти – Штип продолжува со забрзан развој

    27.09.2026 во 11:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.