Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Добивме опомена за тужба, бараат извинување за американски регистар и за БИРН – нема да се извиниме

    СДСМ: Добивме опомена за тужба, бараат извинување за американски регистар и за БИРН – нема да се извиниме

    27.09.2026 во 10:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Адвокатот Божидар Милошевиќ, во име на Шефшет Демировски и АТС Груп ДООЕЛ Скопје, ни достави барање за јавно извинување и повлекување на изјави, со рок и со закана за тужба. Целиот документ го објавуваме. Граѓаните нека го прочитаат. Писмото не ги негира фактите што ги рековме. Гo менува контекстот, стои во соопштението на СДСМ.

    „Ние не рековме дека АТС Груп се занимава со трговија со кокаин, се занимава со оружје. Рековме што стои во американскиот регистар и што објави БИРН.

    FARA 6170: Mercury ја плаќа АТС. 130.000 долари месечно. Околу 1,56 милиони годишно.

    На 2 април 2026 истата куќа предава материјал „Стратешко партнерство САД–Северна Македонија“.

    Во текстот стои пакет влада со влада. Име на премиерот Христијан Мицкоски.

    БИРН објави: Демировски е уапсен во Белград во 2019 под сомнение за поткуп околу податоци за муниција од „Први партизан“.

    Во 2022 предметот завршил со опортунитет. Уплата од 250.000 евра. Уплатувач: Александар Милојевиќ – Аца Цвеќар (стои во БИРН). Подоцна е обвинет во група за шверц на кокаин од Јужна Америка. Во предметот има српски и црногорски полицајци и припадник на БИА.

    Демировски во тој предмет за кокаин не е осуден. Тоа го рековме. Тоа го повторуваме.

    Што писмото не кажува: дека луѓето што ја платиле неговата слобода не се во тоа. Тие се уапсени. Со имиња. Со канал.

    Плаќањето на опортунитетот е доказ дека предметот за мито и корупција завршил со пари, не со јавна пресуда за невиност.

    На 27 март 2025 Муцунски и Мисајловски стојат кај потписот АТС–МКЕ. Тоа е јавен запис.

    Затоа бараат извинување. Не затоа што регистарот лаже. Затоа што хартијата боли.

    СДСМ нема да го потпише нивниот текст и нема да се извинува. Нема да го тргне текстот реномираниот БИРН. Нема да го тргне ниту FARA.

    Ги известуваме граѓаните на Македонија, адвокатот на АТС и сопственикот Демировски и арамијата Мицкоски за нашите следни чекори.

    Наместо извинување, ќе се обратиме до FARA и членови на Конгресот на САД што вршат надзор.

    Прашањата се прости. Дали лобирањето е правилно пријавено кога текстот е агенда на влада? Дали регистрантот проверил кој му е клиент? Кои контакти се воделе околу посетата во септември?

    Нема да нè замолчат со опомена. Хартијата е јавна. БИРН е јавен.

    Бандата сака тишина. СДСМ сака ВИСТИНА И ПРАВДА! “, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.