Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска е Крстовден

    Денеска е Крстовден

    27.09.2026 во 10:121 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници денеска го одбележуваат Крстовден, празникот посветен на Воздвижението на чесниот Господов крст, кој се слави во спомен на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и неговото враќање од Персија во Ерусалим.

    Според црковното предание, наоѓањето на чесниот крст во четвртиот век ѝ се припишува на царицата света Елена, мајката на царот Константин Велики. По откривањето на трите крста на Голгота, вистинскиот Христов крст бил препознаен преку чудата на исцелување на болна жена и воскресение на покојник. На овој ден се одбележува и неговото враќање од персиско заробеништво во 628 година, кога царот Ираклиј лично го пренел во Ерусалим.

    Црквата овој празник го определила како строг пост и тежок празник во знак на сочувствување со страдањата на Спасителот. Според народните обичаи, денеска не се работи, се практикува строг пост „за крст“, а во одредени региони се изведуваат традиционални обреди со осветена вода и благословување на семејството и земјоделските семиња.

    Именден на овој ден празнуваат: Крсте, Крстинка, Крстана, Кристина, Христина, Кристијан и други.

    Спаси ги, Господи, луѓето Твои, и благослови го наследството Твое, победи на благоверниот народ наш над непријателите давајќи му, и со Крстот Твој заштити го Твоето жителство.

    Прочитај повеќе

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.