Close Menu
Press24
    Најново

    Акција во Скопје: Инспекторка од АХВ падна в рацете на полицијата – ја фатија со мито

    25.09.2026 во 13:47

    Не заборавајте да ги вратите стрелките на часовникот еден час назад

    26.09.2026 во 10:55

    Пресврт: На стариот пат кон Врање загинала баба и двегодишно дете, мајката се бори за живот

    25.09.2026 во 23:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Радеска: Објавените документи откриваат милионски суми за прослава, СДСМ бара одговорност од надлежните институции
    • Нов Центар за услуги отворен во Кочани: Андоновски и градоначалникот Грозданов ја промовираа новата дигитална точка
    • Петрушевски: Филипче и талогот на СДС се на добар пат да се самоуништат
    • Банов: Милиони денари за промоција на Герасимовски, додека улиците во Центар се со дупки
    • Ноќна рација во Скопје: Откриени прекршоци, дрога и алкохол за малолетници во угостителски објекти
    • Ѓорѓиевски: Хуманоста нема цена, Град Скопје е домаќин на Државниот натпревар по прва помош во организација на Црвениот крст
    • УХМР објави временска прогноза за цела недела – проверете какво време не очекува
    • (ФОТО) Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Радеска: Објавените документи откриваат милионски суми за прослава, СДСМ бара одговорност од надлежните институции

    Радеска: Објавените документи откриваат милионски суми за прослава, СДСМ бара одговорност од надлежните институции

    26.09.2026 во 12:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Како се потрошени 5.53 милиони евра, каде завршија парите и како е финансирањето преку Државна лотарија бара целосна истрага и утврдување одговорност, соопштија од СДСМ преку прес-конференција што ја одржа Елена Радеска.

    Од партијата посочуваат дека дел од документите објавени во медиумите ги поткрепуваат сомнежите за финансиски зделки. Според објавениот договор, фирмата „Стардаст“ добила спонзорство од 300 милиони денари на 8 мај, истиот ден кога завршил јавниот повик и пристигнала единствената понуда, додека барањето било поднесено откако програмата веќе започнала, а решението било издадено по завршувањето на настаните.

    Дополнително, од СДСМ истакнуваат дека истата фирма добила финансиски средства од Државната лотарија во износ од 30 илјади евра уште во февруари, неколку месеци пред да биде официјално избрана.

    „Арамијата Мицкоски излажа дека се потрошени „нула денари“, јавноста дозна дека станува збор за 5.53 милиони евра!“

    Од опозициската партија апелираат Јавното обвинителство веднаш да отвори предмет, да ја обезбеди целосната документација и да го следи текот на парите. Покрај тоа, се бараат прецизни прегледи на средствата, објавување на сите договори, записници и фактури, како и одговори за тоа кој ги одобрил овие трошења.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче и талогот на СДС се на добар пат да се самоуништат

    26.09.2026 во 12:25

    Банов: Милиони денари за промоција на Герасимовски, додека улиците во Центар се со дупки

    26.09.2026 во 11:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.